18.8 C
Скопје
15:33 - 3 мај, 2024

Истражување: Речиси 50% од заразените со корона имаат поинакво чувство за вкус, а некои го изгубиле

Најмалку 50% од заразените со ковид-19 може да имаат променето чувство за вкус или дури и потполно да го изгубат, пишува во студија објавена во списанието Гастроентерологија (Gastroenterology).

„Досегашните истражувања не го потенцираа овој симптом толку многу, веројатно поради сериозноста на другите симптоми, како што се кашлицата, температурата и проблеми со дишењето“, рече д-р Мухамед Азиз од Универзитетот во Толедо во Соединетите американски држави.

Речиси 50% од испитаниците имаат изменето чувство за вкус

Азиз и неговите колеги анализирале податоци од пет студии на пациенти заболени од ковид-19, спроведени меѓу средината на јануари и крајот на март оваа година. Од 817 субјекти, 49,8% имаа изменето чувство за вкус (дисгеузија).

„Кога ја направивме анализата, започнавме да забележуваме дека пациентите исто така имаат променето или изгубено чувство за вкус. Тој симптом не само што се споменуваше повремено, туку и во значителен дел“, рече Азиз.

“Предлагаме овој симптом да биде еден од основните симптоми за препознавање на ковид-19, покрај покачената температура, кашлица и останување без здив. Не само за оние за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирус, туку и за асимптоматска популација, која може да го пренесе вирусот”. тој додаде.

Клучот за влез во нашите клетки

Претходните студии посочија дека значителен број на луѓе заразени со ковид-19 немаат никакви симптоми, не знаат дека се заразени и со тоа ја пренесуваат болеста на други. Експертите веруваат дека променетото сетило за вкус е позастапено кај пациенти со поблаги симптоми и дека може да се искористи дигесузија за да се препознаат асимптоматски пациенти. Сепак, посочуваат научниците, потребни се дополнителни истражувања за да се потврди ова со сигурност.

Азиз и неговите колеги веруваат дека причина за губење на чувството за вкус може да биде способноста на вирусот да се врзува за AЦE2 рецепторите лоцирани на епителните клетки на јазикот и устата. AЦE2 е протеин кој се наоѓа на површината на многу наши клетки. Тоа е ензим кој произведува протеини кои ги регулираат функциите во клетките.

Вирусот САРС-КоВ-2 со помош на протеини кои наликуваат на шилци се врзуваат со АЦЕ2 и така влегуваат во клетката, и може да се каже дека со шилецот ја отклучува АЦЕ2 бравата на клетката.

 

The post Истражување: Речиси 50% од заразените со корона имаат поинакво чувство за вкус, а некои го изгубиле appeared first on Слободен печат.


Истражување: Речиси 50% од заразените со корона имаат поинакво чувство за вкус, а некои го изгубиле was first posted on јуни 28, 2020 at 9:22 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....