14.8 C
Скопје
15:34 - 25 април, 2024

И покрај дозволите за работа, повеќето хотели во Скопје останаа затворени (ФОТО+ВИДЕО)

Со олабавувањето на рестриктивните мерки во земјава како резултат на пандемијата со Ковид-19, сите сектори кои се најпогодени од коронакризата полека почнуваат да се враќаат во нормала.

Па така, од денеска, по посебен протокол кој од претходно го утврди Владата, хотелите ширум земјава добија дозвола за работа.

Според донесениот протокол, на хотелиерите им се наложува да обезбедат дезинфекциска бариера за обувки пред влезна врата и пулт за дезинфекција на раце. Задолжително е носење заштитна маска од страна на гостите и вработените, мора да има монтажна преграда (шалтер) на рецепција од проѕирна пластика или стакло со отвор во долниот дел (само за манипулирање со клуч и документи), а хигиена на јавните простории и собите со средство кое делува на вируси мора секој ден да се одржува. Задолжително е и редовно проветрување.

Посочено е и плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Од она што можевме да го видиме на терен, мерките во отворените хотели се почитуваат, меѓутоа и покрај дозволите за работа повеќето хотели кои се наоѓаат во центарот на градот, како „Холидеј ин“, „Мериот“ и хотел „Солун“ и натаму не се одлучуваат да ги отворат вратите за гости, а засега не е ниту познато кога би отвориле.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во хотелите кои сепак се отворени веќе се пристигнати и првите гости, со тоа што сега целиот процес за влез и престој во хотелот се одвива поинаку, a според она што го забележавме и гостите и персоналот ги почитуваат мерките за заштита и превенција од Ковид-19.

Преку кратка анкета ги прашавме граѓаните дали оваа година би го поддржале проектот на владата за промоција на домашен туризам и би посетиле хотели во некоја од туристичките дестинации во земјава.

Според одговорите што ги добивме, заклучoкот е дека граѓаните се отворени  ова лето да престојуваат во некои од домашните хотели во земјава, меѓутоа истакнуваат и дека неопходно е строго да се почитуваат протоколите за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во продолжение погледнете го видеото:

 

The post И покрај дозволите за работа, повеќето хотели во Скопје останаа затворени (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


И покрај дозволите за работа, повеќето хотели во Скопје останаа затворени (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on јуни 22, 2020 at 5:08 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....