26.6 C
Скопје
18:57 - 8 јули, 2026

Граѓаните на Тирана аплаудираат за здравствените работници (ВИДЕО)

Граѓаните на Тирана се приклучија кон иницијативата секојдневно во јавен тв-пренос од своите балкони 15 минути да аплаудираат за сите лекари и медицински сестри кои се справуваат со заразата со новиот коронавирус.

Граѓаните, кои следејќи ги препораките на превентивните мерки за спречување на ширење на инфекцијата со Ковид-19, остануваат во своите домови, на тој начин им се заблагодаруваат на лекарите и медицинските сестри за нивните напори низ цела Европа, јавува АТА.

Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави оваа иницијатива за телевизиско емитување, повикувајќи ги сите семејства во Тирана и низ целата земја да ги пречекаат своите сестри и лекари кои се борат со коронавирусот од нивните балкони во 17:30 часот.

Во оваа земја бројот се зарaзените од коронавирусот е 38 лица од нив 22 се во Тирана. Еден од досега дијагностицираните, 73-годишна жена од Драч веќе почина, а во тешка здравствена состојба се уште две лица.

The post Граѓаните на Тирана аплаудираат за здравствените работници (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....