29.8 C
Скопје
14:35 - 10 јули, 2026

Градоначалникот на Мајами заразен со коронавирус

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарес се заразил со коронавирус по средбата со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, објави весникот „Мајами Харалд“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, се сретна со Болсонаро пред неколку дена за време на неговата посета на САД.

– Кај градоначалникот на Мајами, Франсис Суарес е потврден позитивен тест за Ковид-19, пишува весникот – повикувајќи се на изјава на градоначалникот.

Суарес пред четири дена присуствувал на средба со бразилската делегација, во која кај еден од членовите бил откриен новиот коронавирус.

Во меѓувреме, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро демантираше и објави на својот Фејсбук профил дека не е носител на коронавирусот.

The post Градоначалникот на Мајами заразен со коронавирус appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....