7.8 C
Скопје
05:58 - 5 мај, 2024

Фотографијата на денот на „Слободен печат“ докажува зошто не смеете да им верувате на „фејсбук-експертите“!

За првпат во историјата на Македонија воведен е полициски час на цела територија, па во периодот од 21 до 05 часот, забрането е напуштање на домот за сите граѓани.

Сепак, постојат исклучоци за тоа кој се’ може да се движи за време на полицискиот час: припадниците на МВР и Армијата, оние на кои им е потребна итна медицинска помош, лицата кои имаат медицинска потврда дека смеат да посетат дежурна аптека, таксистите кои ги превезуваат овие лица до аптеките или болниците, здравствени работници, дежурните екипи на ЕВН, водовод и канализација, пекарите… и се разбира, оние од кои први дознаваме кој ги прекршил правилата – медиумите.

Редакцијата на „Слободен печат“ во овие тешки времиња ги почитува препораките и продолжува да работи во полза на народот. Нашите фоторепортери, со истата цел како и досега, за навремено и точно да информираат, имаат дозвола за движење за време на полицискиот час. Така, изминатата ноќ за време на полицискиот час, нашата колешка Арбнора Мемети успеа да улови несекојдневен момент на скопските улици. Станува збор за две патки кои лежерно поминуваат на пешачки премин, на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје.

Две патки поминуваат на пешачки премин за време на полицискиот час на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, 23.03.2020 / Фото: Слободен печат / Арбнора Мемети

Нашата фоторепортерка ја сподели фотографијата на нејзиниот приватен фејсбук-профил и набрзо истата стана вирална.

Сепак, дека човековата глупост не познава граници, а особено кога станува збор за социјалната мрежа Фејсбук, доказ се токму овие две фотографии:

Што гледаме тука?

На првата фотографија е синоќешната објава на Арбнора Мемети на нејзиниот приватен фејсбук-профил, а на втората гледаме фотографија која масовно се споделува на фејсбук.

Што е со втората слика и каква врска има ова со т.н. „фејсбук експрети“?!

Целата збрка настана откако момче на кое му се допаднала оваа фотографија, решил да ја објави на неговиот фејсбук-профил во албум именуван „Скопје“, каде споделува фотографии од главниот град кои му се допаѓаат, а под секоја слика го пишува авторот на истата (што е многу фер и треба сите да почнете да го правите тоа кога споделувате фотографија што ви се допаѓа!). Овој албум го креирал на 3 ноември 2014 година, па секогаш кога ќе го отворите, ви го дава датумот кога албумот бил креиран…

ТОКМУ ТУКА настапуваат експертите, кои тврдат дека вториот скриншот е од профилот на Мемети, па замислете, дури и нејзе ја убедуваат дека не ја направила фотографијата вчера, туку на 3 ноември 2014, при што ја обвинуваат дека споделила стара фотографија.

Фејсбук-конверзација со личноста која ја сподели фотографијата:

Фоторепортерката Арбнора Мемети ја објаснува целата ситуација: 

– Фотографијата ја објавив вчера, и денеска кога се разбудив гледам дека започнала некаква црна кампања врз истата. Фотографијата е направена вчера (23.03.2020) за време на полициски час, и првично е објавена на Фејсбук, околу 23 часот. Датумот на фотографијата е едитиран преку проблем од Фејсбук, 3 ноември 2014, и цело време луѓето ме демантираат, како да е направена тогаш.

Јас го контактирав човекот од каде првично излезе лажната вест, односно прекриеното име што стои под сликата. Тој ја ставил фотографијата во еден албум креиран од 2014 и фотографијата сега се појавува со таков датум – вели Мемети.

Таа ги повикува сите кои се активни на социјалните мрежи да ги проверуваат фактите пред да поверуваат во се и сешто.

– Ова е некултура и непочитување кон нашата работа. Ние и во ваква вонредна состојба сме цело време на терен до доцна, го жртвуваме нашето здравје за сите да бидат информирани и да не потпаѓаат на лажни вести – посочува Мемети.

Лагата е се’ уште во етер

И така, втората фотографија масовно се споделува, лицата што шират лажна вест дека оригиналната фотографија е стара 6 години си собираат лајкчиња, а дури и нам ни пишуваат на нашите социјалните профили дека СИГУРНИ БИЛЕ ДЕКА ЈА ВИДЕЛЕ НЕКАДЕ ПРЕТХОДНО ФОТОГРАФИЈАТА. Од ваквите фејсбук-експерти и нивните „тврдења“ и „тајни извори“ ние секојдневно си патиме. 

Како менаџер на социјалните медиуми на „Слободен печат“ кој секојдневно анализира многу од тоа што се споделува, апелирам да внимавате, бидејќи лажните вести се како дамки кои НЕ се перат. Дури и да проникне вистината, штетата никогаш нема да биде целосно исправена. Проверувајте се’ што ќе видите, се’ што ќе чуете, и сe’ што ќе прочитате, баш како што не’ учеа додека растевме.

П.С. И не заборавајте да ја почитувате туѓата работа. Фотографијата на нашата фоторепортерка ја сретнавме насекаде, но малкумина напишаа кој ја направил.

The post Фотографијата на денот на „Слободен печат“ докажува зошто не смеете да им верувате на „фејсбук-експертите“! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....