11.8 C
Скопје
08:47 - 4 мај, 2024

Економија-правда, или кој изгуби, а кој доби на изборите!

Веќе никој не се чуди што кај нас по изборите сите се победници. Реално победи коалицијата „Можеме“ и Зоран Заев, но Мицковски вели победило ВМРО -ДПМНЕ затоа што имало повеќе македонски гласови. Победи и ДУИ, ако за пораз се сметаат минатите избори кога освои само десет пратиници и откако сите им предвидуваа присилно пензионирање. Секако победи и Зијадин Села. Можеби не го победи ДУИ како што посакуваше, ама освои историски 12 пратеника или четири пати повеќе од пред тоа. Победи и Левица бидејќи овој пат стана парламентарна партија.
И сепак сите „плачат“ дека освоиле некој пратенички мандат повеќе ама ете „некој“ им го украл!
Но да ја тргнеме иронијата на страна и да се обидеме да направиме анализа зошто победи Заев, а зошто изгуби Мицковски.
Чуденката за победата на Заев веројатно најмногу доаѓа од редовите на подржувачите на ВМРО- ДПМНЕ. Се чудат како можеше пак да победи овој „црпнатиот“, „со низок праг на топење“, „криминалец“, „предавник“, „човекот што го смени името на државата“, „го преправи Уставот“, „потпиша договор со Бугарија и им го даде Гоце Делчев на Бугарите“, „на Албанците им го призна јазикот и Тиранската платформа…“
Уште долго, долго во партијата зад Беко ќе размислуваат како е можно тоа. Според нив за чиста победа требаше да се направи сето тоа само спротивно, или поточно- ништо од тоа да не се прави. Тие веројатно сметаат дека тоа би било гаранција за успех на изборите, доволно за да се заслужи споменик на плоштадот за патриотизам за заштита на државата и народот.
Но види чудо, токму тоа „спротивното“ нив ги претвори во губитници, отфрлени од народот кој толку сакале да го заштитат.
Во раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сфаќаат дека нивните подржувачи, но и неопределите секако не станале социјал демократи по убедување па му ги дале гласовите на СДСМ. Туку дека народот како прво и основно сака јасен став за работите за кои треба да одлучува. Граѓаните побргу ќе го „преживеат“ каков и да е тој, одошто да живеат постојано во недоумица, не знаејќи го вашиот став по важните прашања за нив и за државата.
Но, за лидерот на партијата Мицковски очигледно подобро е да немаш став одошто да имаш било каков став. И тоа го покажуваше на секој чекор.
Затоа е прашање кој сега не гласаше за ВМРО-ДПМНЕ? Каде партијата со своевремено највисок рејтинг ги загуби изборите?
Почна да ги губи на заминување на Никола Груевски. Уште повеќе ги загуби потоа. Највисок рејтинг всушност немаше ВМРО ДПМНЕ, туку Никола. Многу повеќе од партискиот рејтинг. Сега него го нема, а Христијан сепак не е Никола. И што е почудно како ем да сака да биде, ама и не сака да бида како Никола.
А „зајчето“ е чиста негова спротивност. Велат бил Сељ‘ак од Струмца. Ама тој успеа пред с‘е да го „мрдне“ од место „папата“, го симна од власт „пастирот“, му ги украде гласачите на Али и на крај го падна на испит, професорот!
Со што? Само со „едно општество за сите“! Не му наштетија петардите или аудио бомбите од малиот Веруш, ниту муабетите со лажните Порошенко и Грета, не го сотра ни тоа што „изеде живи луѓе“ и што има свиткана кичма, нити како то струмичанац говори српски.
Тој победи, но сепак и тој загуби. Загуби гласови заради НЕ-(спроведување) Правда! А вети! Неговиот пат до победта во 2106 делумно беше заради „едното општество“ за кое сесрдно се залагаше. Но втората половина од патот беше синтагмата „Нема правда , нема мир“! Таа изостана! Изостана најпрвин кон оние кон кои се покрена целото општество. И тоа најмногу ги налути правдо-љубците. А тоа му се врати како бумеранг и од ловец за малку ќе станеше плен. Реформите изостанаа и создадоа впечаток дека тој намерно некого- покрива.
Тоа „шарените“ му го вратија-тивко! Не гласаа. Затоа Заев и на говорот по изборите единствениот акцент го стави на ветувањето кон нив дека правда сепак ќе има, со извикот „економија-правда, како да сакаше да каже ве разбрав, се извинувам! Ќе ве донесам на избори следниот пат.
Но заев ќе мора да научи дека не смее веќе да ветува повеќе одошто е сигурен дека може да исполни.

The post Економија-правда, или кој изгуби, а кој доби на изборите! appeared first on Слободен печат.


Економија-правда, или кој изгуби, а кој доби на изборите! was first posted on јули 17, 2020 at 7:02 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....