16.8 C
Скопје
21:46 - 17 мај, 2024

Им порачаа да не излегуваат од дома: Четири милиони жители на Барселона се обидуваат да избегнат уште еден карантин

Властите во Барселона денеска им порачаа на жителите да останат дома и да не се собираат во групи од повеќе од 10 лица за да се спречи ширењето на корона вирусот.

– Препорачуваме луѓето да не се движат многу, освен ако е неопходно. Многу е важно да се почитуваат овие мерки затоа што тоа е најдобриот начин да се избегне целосно затворање на градот – рече секретарката за здравство на Каталонија, Алба Вергес.

На жителите на Барселона им се препорачува да купуваат преку Интернет, како и да ги ограничат културните и спортските настани. Музеите и натаму остануваат отворени.

Барселона е втор по големина шпански град со 1,6 милиони жители, но од минатата недела заедно со соседниот град Арагон се со најголемо зголемување на бројот на нови случаи на вирусот Ковид-19.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус, Шпанија е една од најпогодените земји, со околу 28.000 смртни случаи.

Од укинувањето на карантинот на 21 јуни, во земјата се појавија повеќе од 170 кластери, што ги натера локалните власти да воведат ограничувања.

The post Им порачаа да не излегуваат од дома: Четири милиони жители на Барселона се обидуваат да избегнат уште еден карантин appeared first on Слободен печат.


Им порачаа да не излегуваат од дома: Четири милиони жители на Барселона се обидуваат да избегнат уште еден карантин was first posted on јули 17, 2020 at 8:06 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....