15.8 C
Скопје
13:03 - 4 мај, 2024

Дилема во Хрватска: Треба ли да се укине дневната објава на заразeни, оздравени и починати од ковид-19?

Дел од научниците заговараат да се запре со дневната пракса на објавување на новозаболени лица со ковид-19. Таква дилема се јави и во Хрватска на која се противат директорот на Заводот за јавно здравје, Крунослав Цапак и министерот за здравство, Вили Берош.

Тамошниот национален штаб подолго од 200 дена објавува бројки на инфицирани, починати и оздравени лица од коронаворусот. Болеста досега однесе над еден милион човечки животи во светот додека економските последици што ги предизвика, ќе се собираат со години. Од друга страна, пак, секојдневното објавување на бројки на заболени, оздравени и починати влијае врз психата на луѓето.

– Објавување на само голи бројки секој ден навистина влијаат врз домаќинствата, на луѓето, на нивната психа. Мислам дека тоа може да се промени и дека е подобро да имаме одредени погенерални известувања за јавноста, изјави неодамна Иван Ѓикиќ, еден од најдобрите и најуспешни хрватски научници.

Но, Цапак и Берош мислат поинаку.

– Ние, како што гледате, немаме секојдневни прес-конференции, но мислам дека известувањата преку Националниот штаб се добар индикатор за движењето на бројките, рече министерот за здравство.

Слично на него размислува и Цапак.

– Броењето е работа на епидемиолозите. Тоа е показател што е меѓународно договорен. Сите ги следат бројките на новозаразени, констатира Цапак.

Во Хрватска се забележани рекорден број на случаи, дури 542, што е најмногу од почетокот на пандемијата, врз основа на 5.939 тестови. На болничко лекување се наоѓаат 361 пациент од кои 27 се на респиратори.

The post Дилема во Хрватска: Треба ли да се укине дневната објава на заразeни, оздравени и починати од ковид-19? appeared first on Слободен печат.


Дилема во Хрватска: Треба ли да се укине дневната објава на заразeни, оздравени и починати од ковид-19? was first posted on октомври 9, 2020 at 10:12 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....