8.8 C
Скопје
01:06 - 20 април, 2024

Дали „најлабавата“ земја конечно ќе воведе карантин?!

Шведската влада денеска предложила нова законска мерка со која и се овозможува поголеми овластувања како би можела да се бори со корона вирусот. Со новиот закон Владата би имала одзврзани раце да нареди и имплементација на рестриктивните мерки, како што се затварање на трговските центри и теретаните.

Новиот закон прво ќе им биде даден на увид на релевантните фактори, пред да дојде на гласање во Парламентот, а примената би можела да започне од 15 март и да биде на сила цела година, се наведува во соопштението на владејачката шведска коалиција.

Вториот талас на пандемијата ја погоди оваа скандинавска земја до таа мерка што се бележат негативни дневни рекорди, додека бројот на заболени и починати се зголемил во однос на претходните два месеца.

Во предлог Законот се вели дека Владата би имала можност за надвор и одредување на мерки во борбата против пандемијата, како што е ограничувањето на собир на луѓе, одредување на работното време на продавниците, но и тотално затварање како крајна можност.

– Сепак, затаврањето е многу наметната мерка. Таквата мерка би морала да биде и предмет на разговор во Парламентот – изјавила министерката за социјала Лена Халенгрин.

Шведскиот закон на владата и овозможува мал простор на спроведување на ригоризни мерки, како што е целосно затаврање на економијата.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....