14.8 C
Скопје
09:34 - 3 мај, 2024

Д-р Митов: Вакцината не е извадена како зајак од шеширот на магионичар, туку е еден многу сериозен процес од најмалку 6 месеци (ВИДЕО)

До пред неколку недели се поставуваше прашање дали ќе имаме вакцина, но сега таа неизвесност веќе ја нема. Според СЗО над 140 кандидати за вакцина се во фази на обид. Во првата фаза кога се тестира безбедноста во многу мали групи има 17 кандидати, уште 13 во втората и 5 во третата која е и последна фаза.

-Многу оптимистички најави имаме и од Кина, Русија, Велика Британија но и САД. Така што имаме четири сериозни кандидати каде што се подготвуваат милијарди вакцини и прогнозите се дека во почетокот на 2021 година би почнало масовно тестирање. Ако е така, а се повеќе доказите одат во тој правец се чини дека оваа состојбата ќе трае само една година, изјави во „Утрински брифинг “ на „Слободна ТВ“, д-р Александар Митов.

-Вакцината не е извадена како зајак од шеширот на магионичар. Значи не е преку ноќ, туку е еден многу сериозен процес од најмалку 6 месеци. Сериозноста на овие фази не треба да биде доведена во прашање. Станува збор за илјадници тестирања кај животни, илјадници испитувања и тестирања кај луѓе, додава Д-р Митов.

-По однос на процентот на население кое е расположено против вакцините е инзвонредно мал, низок број на население. Но гласноста по социјалните мрежи на тие луѓе остава впечаток дека групата е голема. Во моментов кандидатите за вкцини зборуваат за создавање имунитет за над 90% од случаите кај што била пробана вакцината. Како што ќе зема замав вакцината и кај луѓето ќе расте свесноста, смета Д-р Митов.

Целиот разговор со д-р Александар Митов проследете го во видеото:

The post Д-р Митов: Вакцината не е извадена како зајак од шеширот на магионичар, туку е еден многу сериозен процес од најмалку 6 месеци (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Д-р Митов: Вакцината не е извадена како зајак од шеширот на магионичар, туку е еден многу сериозен процес од најмалку 6 месеци (ВИДЕО) was first posted on јули 31, 2020 at 8:44 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....