11.8 C
Скопје
03:06 - 3 мај, 2024

Чаирчани си шетаат за време на полициски час (ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА)

Вечерва, нешто после 19 часот екипата на ,,Слободен печат” беше сведок на слободно движење на граѓани во општина Чаир за време на полицискиот час. Иако полицискиот час започнува во 19 часот и трае до 5 часот изутрина, улиците во Чаир не беа празни.

Напротив, имаше луѓе кои лежерно си шетаа, си разговараа или пак си купуваа храна како да не е полициски час.
Поминаа и неколку полициски возила, но тие ниту направија контрола дали луѓето имаат дозволи за движење за време на полициски час, ниту пак, со свирка ги предупредија граѓаните дека полицискиот час е почнат и дека треба да се приберат дома.

Чаирчани најверојатно откако дознаа дека полицискиот час за време на викендот ќе биде скратен решија петочкиов полициски час да го продолжат барем за еден час.

The post Чаирчани си шетаат за време на полициски час (ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....