7.8 C
Скопје
05:06 - 6 мај, 2024

Болсонаро се потсмеваше со вирусот, а сега има симптоми на Ковид-19

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро има симптоми на Ковид-19, пренесува бразилски Си-Ен-Ен. Како што се наведува, резултатите од тестот се очекуваат подоцна во текот на денот, пренесува Ројтерс.

Болсонаро често се противеше на мерките за физичко дистанцирање кои ги препорачуваат повеќето здравствени експерти и го отфрлаше вирусот како „мал грип“ заради што беше критикуван.

Бразил е на второто место во светот по бројот на заразени и починати од последиците на коронавирусот, по САД, покажуваат податоците на сајтот „Worldmeters“.

Во Бразил во претходните 24 часа се забележани уште 20.229 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 1.623.284, при што починаа уште 620 луѓе.

The post Болсонаро се потсмеваше со вирусот, а сега има симптоми на Ковид-19 appeared first on Слободен печат.


Болсонаро се потсмеваше со вирусот, а сега има симптоми на Ковид-19 was first posted on јули 7, 2020 at 8:45 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....