14.8 C
Скопје
17:32 - 11 март, 2026

Трик кој ќе ја спаси вашата пегла од загорените наслаги (ВИДЕО)

Модерните пегли имаат „паметни“ плочи кои се прилагодуваат на секоја ткаенина, а на малку постарите модели потребно е да ја менувате јачината на температурата, што често завршува со тврдокорни, загорени дамки.

Темните наслаги кои настануваат на плочата од пеглата ги уништуваат влакната на ткаенината на која остануваат загорени дамки.

Меѓутоа, таквата пегла не треба да ја фрлате – постои едноставен, брз и многу практичен и делотворен трик кој ќе ги отстрани и најтврдокорните наслаги од дното на пеглата.

Се што ви е потребно е обична таблета парацетамол и вашата пегла ќе биде како нова.

За спасување на пеглата ви се потребни само пет минути. Загрејте ја на најсилна температура, а таблетата парацетамол фатете ја со пинцета за да не се изгорите. Со неа поминувајте по дното на пеглата, триејќи ги загорените дамки.

Нечистотијата ќе стане течност, па затоа пеглата пројдете ја неколкупати преку крпа. Наслагите ќе исчезнат веднаш.

Слични објави

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.

Стана мајка на 19 години, а вдовица на 45: Тажната животна приказна на Јелица Сретеновиќ

apostolova

Марија Шерифовиќ земала 2 работи од канцеларијата на Саша Поповиќ: Едната ја користел 30 години!

E.A.

(Фото) Од центарот на градот во својот зелен рај: Погледнете ја куќата на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ

Еспресо

„Сите ја коментираат сличноста“: Еве што ги поврзува Теа Таировиќ и настапот на Бед Бани на Супербоул

Е.А.

Рада Манојловиќ откри: „Ми беше многу тешко да се откажам од таблетите“

E.A.
Се вчитува....