03:16 - 12 март, 2026

Снимија „домашно видео“, раскинаа, а сега повторно заблескаа заедно и воодушевија милиони фанови (ФОТО)

Пејачката Никол Шерзингер (41) сите ги изненадила кога во Лондон во „Royal Albert Hall“ на доделувањето на наградите „British Fashion Awards“ кој ги слави најдобрите таленти во модната индустрија се појави во друштво на поранешниот дечко, Луис Хамилтон (34).

Пејачката и седум години помладиот возач на Формула 1 биле во љубов од 2008. до 2015. година. Шокираа многумина кога објавија дека раскинуваат, а сега британските медиуми шушкаат дека парот одлучил да ги поправи односите и повторно да биде заедно.

Во февруари оваа година хакерите објавиле видео на кое може да се види како ѕвездата на Формула 1 и Никол се бакнуваат и галат во кревет.

– Приватното видео е снимено со мобилен телефон и никогаш не требало да стане јавно, тврди пејачката.

Снимката од домашното видео тогаш била погледната повеќе од 280 илјади пати, а Никол била во потполн шок.

„Навистина не знам зошто некој тоа би го направил или ја објавил таа порно снимка. Тоа е навистина грозна работа. Шокирана сум“, изјавила Никол на приватна забава кај Елтон Џон.

На почетокот на декември, откако пред речиси десет години се разделиле, една од најпопуларните женски групи „The Pussycat Dolls“ повторно се собра. Првиот настап после собирањето го имале во емисијата „Икс Фактор“, каде Никол е членка на жирито.

профимедиа

Беа многу возбудени, а Шерзингер нагласила дека ова е само почеток.

Слични објави

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.

Стана мајка на 19 години, а вдовица на 45: Тажната животна приказна на Јелица Сретеновиќ

apostolova

Марија Шерифовиќ земала 2 работи од канцеларијата на Саша Поповиќ: Едната ја користел 30 години!

E.A.

(Фото) Од центарот на градот во својот зелен рај: Погледнете ја куќата на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ

Еспресо

„Сите ја коментираат сличноста“: Еве што ги поврзува Теа Таировиќ и настапот на Бед Бани на Супербоул

Е.А.

Рада Манојловиќ откри: „Ми беше многу тешко да се откажам од таблетите“

E.A.
Се вчитува....