11:26 - 9 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Со какво време ќе ја чекаме Новата година?

– До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Претпладнево локално ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени- вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.
Според Попоски, утре времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
За време на новогодишната ноќ пак времето ќе биде ведро и не многу студено со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат во интервалот од 1 до 6 степени. Во првите неколку денови од новата 2022 година времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе бидат невообичаено високи и тоа особено за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот дури од 10 до 17 степени.

Слични објави

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova
Се вчитува....