30.6 C
Скопје
18:23 - 16 јули, 2026

(Фото) Принова во семејството на Сузана Гавазова — нејзиниот сопруг Јасмин стана дедо!

Пејачката Сузана Гавазова сподели радосна семејна вест, откривајќи дека нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиц станал дедо, откако неговиот син Емил добил син.

Гавазова среќната вест ја објави на социјалните мрежи, каде што не ја криеше радоста по повод приновата во семејството.

„Ни дојде уште една голема радост!

Нашиот Емил, синот на Јасмин, доби син!

Среќата е неопислива, срцата ни се полни со љубов и благодарност. Имаме прекрасен повод за славење и заедно да ја прославиме оваа најубава вест.

Нека е жив, здрав и благословен, а на среќните родители им посакуваме безброј насмевки, љубов и незаборавни моменти со нивното мало богатство“, напиша Гавазова.


Сузана Гавазова и Јасмин Курузовиц со години се во складен брак и имаат две ќерки. Јасмин, пак, од претходниот брак го има синот Емил, кој сега за првпат стана татко.

Љубовната приказна на Гавазова и Курузовиц започнала по случајна средба кај нивниот сегашен кум. Во тоа време Јасмин живеел во Шведска, а пејачката во Македонија, па нивната врска најпрво се развивала преку телефонски пораки. По повторната средба, околу две години подоцна, започнале љубовна врска, која подоцна ја крунисале со брак.

Со најновата објава, семејството сподели уште еден среќен момент, а честитки за приновата пристигнаа од бројни пријатели, колеги и следбеници на пејачката.

Слични објави

(Фото) Зрачи со елеганција – Џејла Рамовиќ отиде во Париз, позираше во тесно здолниште пред Ајфеловата кула

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Породилни пакети по специјални намалени цени

Еспресо

(Фото) Ослабе, па позираше во костим за капење: Нина Бадриќ блесна на Хвар без шминка и во природно издание

Еспресо

(Фото) Сопругата на Огњен Амиџиќ сподели спомен од летниот одмор – позираше во минијатурно бикини

Еспресо

Што навистина се случува зад камерите? Неда Украден откри во какви односи е со Жика Јакшиќ

Еспресо

(Фото) Луксуз во прв план: Николина Пишек носи чанта од 6.000 евра

Еспресо
Се вчитува....