18:24 - 21 ноември, 2026

Карлеуша тврди дека одбила договор со Канје Вест: „Бараше да ме шета на поводник и да лижам млеко од подот“

Пејачката Јелена Карлеуша откри дека непосредно пред снимањето на спотот за песната „Мата Хари“ доживеала незгода, при што скршила коска на шаката.

Во гостувањето кај Огнен Амиџиќ, таа раскажа дека повредата ја добила откако паднала од својот плакар.

„Ја скршив шаката, односно една коска во шаката. Паднав од плакарот. Не носев лонгета затоа што морав да снимам“, изјави Карлеуша.

Таа му се заблагодари и на својот пријател Жељко Митровиќ, кој, како што рече, ѝ помогнал да го реализира снимањето.

„Од срце му благодарам на мојот голем пријател Жељко Митровиќ, кој ми подаде рака кога најмногу ми требаше и без никаков надомест ми овозможи сè да снимам во Шимановци. Ова не може да се плати, станува збор за техника вредна милиони“, рече пејачката.

Карлеуша во емисијата зборуваше и за, како што тврди, можната соработка со американскиот рапер Канје Вест, која на крајот не се реализирала.

Според неа, потпишала договор за доверливост, но одбила да го потпише вториот договор што, како што наведе, ѝ бил понуден.

„Потпишав договор за доверливост, но не и оној вториот што сакаше да го потпишам, а кој, според мене, го потпишала неговата сегашна сопруга Бјанка. Во него стоеше дека може да ме шета на поводник. Една од клаузулите беше тој да одлучува како ќе бидам облечена во јавност, да не давам изјави без него и, ако тој посака, ќе цитирам – да лижам млеко од чинија поставена на подот“, изјави Карлеуша.

Нејзините тврдења предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи. Засега нема јавна потврда од Канје Вест или од негови претставници за ваквите наводи.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус ги засука ракавите и ја уреди својата оаза во природа, погледнете го нејзиното ново катче

Т.Ц.

(Фото) Саша Ковачевиќ ѝ остави јавна порака на поранешната на Инстаграм! Фаталната русокоса го прослави 33. роденден, а еве што ѝ напиша

Еспресо

Некому нова љубов, некому напредок на работа — кој е најсреќниот месец за вашиот знак во 2027 година?

К.С.

(Фото) Српската естрада денеска го слави Свети Архангел Михаил: Сармите на Брена им се омилени на сите, Чолиќ оди во црква со ќерка си, Неда го собира семејството на ручек

Еспресо

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.
Се вчитува....