18:24 - 21 ноември, 2026

Анастасија Ражнатовиќ се породи во тајност, го доби првото дете со Немања: Цеца доби уште едно внуче

Ќерката на српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, се породи. На свет донела момче, а бременоста успешно ја криеала од јавноста девет месеци.

Анастасија се породила во Шпанија, каде што веќе неколку години живее со својот сопруг, српскиот фудбалер Немања Гудељ.

Двајцата долго време сакаа да станат родители, а сега нивната најголема желба се оствари.

Како што дознава српски „Телеграф“, мајката и синот се чувствуваат добро, а и породувањето поминало во најдобар ред.

Членовите на семејствата Ражнатовиќ и Гудељ се собраа во Севиља, каде што живеат Анастасија и Немања, и заедно ќе го прослават доаѓањето на нов член во семејството.

Да потсетиме дека Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ првпат се венчаа во манастирот Раџиновац во Грочка на 23 август 2023 година.

Тие го направија тоа во строга тајност, само пред членовите на семејството и кумовите.

По црковната венчавка, Анастасија и Немања имаа граѓанска венчавка на 28 мај 2024 година во вилата на Ражнатовиќ во Дедиње, каде што ги венча матичар.

Целата церемонија беше подготвена и одржана во строга тајност, за да имаат целосна приватност.

Многумина беа заинтересирани дали Анастасија ќе остане Ражнатовиќ по венчавката или ќе го земе презимето на сопругот, а Немања потврди кратко по венчавката дека таа станала госпоѓа Гудељ.

Инаку, Анастасија Ражнатовиќ има 28 години, а Немања Гудељ е 7 години постар од неа.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус ги засука ракавите и ја уреди својата оаза во природа, погледнете го нејзиното ново катче

Т.Ц.

(Фото) Саша Ковачевиќ ѝ остави јавна порака на поранешната на Инстаграм! Фаталната русокоса го прослави 33. роденден, а еве што ѝ напиша

Еспресо

Некому нова љубов, некому напредок на работа — кој е најсреќниот месец за вашиот знак во 2027 година?

К.С.

(Фото) Српската естрада денеска го слави Свети Архангел Михаил: Сармите на Брена им се омилени на сите, Чолиќ оди во црква со ќерка си, Неда го собира семејството на ручек

Еспресо

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.
Се вчитува....