11.8 C
Скопје
07:58 - 9 октомври, 2026

(Видео) „Како не ви е срам?“: Објавата на Сека Алексиќ за „туристите со домати“ и денес се споделува

Пејачката Сека Алексиќ пред неколку години јавно застана во одбрана на луѓето кои на летување одат со сопствена храна, не изнајмуваат лежалки и се обидуваат да заштедат дел од семејниот буџет.

Секоја летна сезона на социјалните мрежи повторно се отвора темата за таканаречените „туристи со домати“, а поединци ги исмеваат оние што носат храна од дома или престојуваат на плажа со сопствени пешкири наместо да плаќаат лежалки. По тој повод, Сека Алексиќ тогаш јавно го изнесе своето мислење.

@seka_aleksic Paradajz turisti. Tako ih nazivaju! Nista vam nije sveto! #sekaaleksic ♬ original sound – Seka Aleksić

„Луѓе, дали е можно да читам коментари во кои некои им се смеат на оние што отишле на море и си понеле своја храна, немаат лежалки и лежат на пешкири, а се на одмор со своите деца. Зарем е можно тоа некому да му биде повод за потсмев? Никој ли не помисли дека некои семејства не можат да си дозволат хотели со пет или петнаесет ѕвезди и дека едвај врзуваат крај со крај, а сепак сакаат да им овозможат на своите деца да го видат морето? Јас, на пример, како дете не го видов морето. Првпат го видов дури кога имав повеќе од дваесет години, кога сама заработив пари и можев да си го дозволам тоа“, напиша пејачката.

Таа испрати и јасна порака до оние што ги исмеваат ваквите туристи.

„Како не ви е срам да им се потсмевате на луѓето што отишле на море, седат на пешкир, на песок и сами си подготвуваат храна. Срам да ви е.“

На крајот, Алексиќ порача дека не е важно како некој го организира својот одмор, туку дека успеал да си дозволи време за одмор.

„Без разлика дали носите свој пешкир или не, дали имате своја храна или ја нарачувате, најважно е што сте отишле на одмор – каде и да е тоа и како и да сте го организирале.“

Слични објави

(Видео) Вики Миљковиќ и Десингерица ги изненадија обожавателите – запејаа на овој хит од 90-тите

Еспресо

Сузана Манчиќ ја објави првата фотографија со внукот – не ја тргна насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Лејла Филиповиќ го прослави 50. роденден на гламурозна забава, ѝ запеа и Петар Грашо

apostolova

Трајче Манев четири децении по победата на „Макфест“ зборува зошто „Осамен“ му е посебна: Тоа е песна што сум ја создал со еден здив

Еспресо

Кавгата меѓу Аца Лукас и Неда Украден не стивнува: „Не може тој, познат како ’сплав‘, да ме закача мене“

Еспресо

Ана Николиќ му се закани на Раста поради песните со Сека Алексиќ, пејачката веднаш ѝ возврати

E.A.
Се вчитува....