02:26 - 19 август, 2026

„Промената започнува во моментот кога ќе одлучиш да не се откажеш од себе“: Инспиративната приказна на Марина Петровска, велнес-консултант и ментор

Успехот не е само во резултатите. Успех е да создаваш живот во кој има место и за работа, и за здравје, и за луѓето што ги сакаш, и за нови места што те инспирираат. Така зборува Марина Петровска, велнес- консултант и ментор, која повеќе од две децении им помага на жените да изградат поздрави навики, поголема самодоверба и, за оние што го посакуваат тоа, дополнителен извор на приход.

Но нејзината приказна не започнала со успех. Започнала со едно чувство што многу жени го препознаваат – дека животот поминува во исполнување на обврски кон други, а сè помалку останува време за себе.

„Некогаш и јас мислев дека е доцна за промена…
Дека животот едноставно така треба да изгледа.
И дека некои работи не се за мене.
Но вистината е – ништо не се менува додека ти не решиш да се смениш себеси.
Не започнав од совршен момент.
Започнав од хаос, полна сомнежи, полна стравови.“, вели Марина.

May be an image of one or more people
„Не се работи само за црвениот тепих… туку за патот што те донел до него.

Токму таа желба за промена била тригерот да го направи првиот чекор. Не затоа што сè било совршено, туку затоа што сфатила дека ако самата не почне да го менува својот живот, никој друг нема да го направи тоа наместо неа.

„Мали чекори. Еден по еден ден. Со една единствена одлука: да не се откажам од себе. И тоа ми го смени целиот живот. Денес знам дека секоја жена може да направи промена. Без разлика каде почнува.“, вели Марина.

Иако, како што вели, била благодарна за тоа што го имала длабоко во себе, чувствувала дека може повеќе. Сакала да живее поздраво, да има повеќе слободно време, да патува и да работи нешто што ќе има вистинско значење.

„Долго време мислев дека мора нешто да жртвуваш…
Денес знам дека постои и поинаков начин.
Живот во кој не мораш да бираш помеѓу здравјето, времето и финансиите.
Зошто?
-Затоа што работам со производи што секојдневно ги користам и кои на многу луѓе им го олеснуваат воведувањето подобри навики во исхраната.
-Затоа што не морам сè сама, туку имам едукации, ментори и заедница на луѓе кои растат заедно.
-Затоа што имам можност да градам дополнителни извори на приход, без ограничување колку можам да напредувам.
-Затоа што преку сопствената промена можам да инспирирам и други жени повеќе да вложуваат во своето здравје, енергија и квалитет на живот.
-Затоа што патувањата, дружењата, настаните, пријателствата, Red Carpet моментите и спомените се само прекрасен бонус на целото ова патување.

И знаеш што ми е денес највредно?

Тоа што имам повеќе избор.

Затоа што на крајот од денот, финансиската слобода не е само пари. Тоа е можност да одлучуваш како ќе живееш, со кого ќе го поминуваш своето време и што ќе градиш за својата иднина.

Ако те интересира како изгледа ова од прва рака, отворена сум за разговор.“, порачува Марина.

Направете го првиот чекор – пишете ѝ на Марина за совет, консултација и насоки.

Instagram: marina_healthyhabitscoach

Facebook: marina.petrovska.10

 

 

 

 

 

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....