13.8 C
Скопје
15:46 - 28 октомври, 2026

Што навистина се случува зад камерите? Неда Украден откри во какви односи е со Жика Јакшиќ

Неда Украден со години е едно од омилените гостински имиња во жирито на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, каде што редовно доаѓа на покана од Жика Јакшиќ. Нејзиното присуство секогаш е добро прифатено од публиката, па со текот на времето стана неизоставен дел од секоја сезона.

Иако многумина мислат дека нивната соработка прераснала и во блиско пријателство, пејачката откри дека нивниот однос се темели пред сѐ на меѓусебна почит.

„Приватно не се дружиме, не седиме и не пиеме кафе, но меѓу нас постои голема меѓусебна почит. Неговата емисија има навистина силен личен печат и токму тоа ми се допаѓа, бидејќи не е шаблон ниту купен лиценциран забавен формат. Прекрасно е што Жика во секоја емисија внесува лични емоции, а публиката тоа го препознава. И јас сум во многу нешта слична на него, па затоа имаме многу заедничко“, изјави Неда Украден во интервју за „Гранд“.

Таа истакна дека токму ова музичко шоу е едно од нејзините омилени, поради што секогаш со задоволство прифаќа да биде дел од жирито.

„Ова е прекрасна емисија и секогаш ми е задоволство да бидам дел од ова жири. Убаво е да се слушнат овие натпреварувачи, бидејќи станува збор за луѓе кои навистина знаат да пеат. Од различни причини не изградиле големи кариери, но мислам дека ова е одлична можност да слушнеме извонредни пејачи и убави песни, а воедно и малку да се дружиме надвор од сцената“, рече пејачката.

Слични објави

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо
Се вчитува....