20.8 C
Скопје
17:22 - 8 октомври, 2026

(Фото) Ослабе, па позираше во костим за капење: Нина Бадриќ блесна на Хвар без шминка и во природно издание

Пејачката Нина Бадриќ летните денови ги минува на островот Хвар, каде што поседува камена куќа, а со своите најнови фотографии повторно го привлече вниманието на следбениците на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Таа објави серија фотографии од одморот, меѓу кои и неколку направени на плажа, каде што позира во едноделен костим за капење. Нејзиниот изглед предизвика бројни позитивни реакции, а многумина забележаа дека пејачката изгледа послабо и посвежо од кога било.

Нина откри дека токму на Хвар се чувствува најсреќна, најопуштена и најблиску до природата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

„Овде се чувствувам како дете и веројатно затоа секогаш му се враќам на тоа чувство. Тука нема шминка, нема позирање, тука сум слободна, боса, стопена со природата, со мирисот на лаванда, домашните јајца што ѝ ги носам на мајка ми, морето како лек и далеку од сè. Само уште да се тргнам и од социјалните мрежи, па прочистувањето би било целосно. И секогаш кога ќе го слушнам Оливер, пред очи ми е морето“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Подоцна објави и фотографија од плажа, каде што друштво ѝ правеше и нејзиното домашно милениче, а потоа сподели и момент од својот дом додека ужива во едно од омилените летни освежувања – диња.

„Летото не се брои по денови, туку по парчиња диња“, напиша пејачката.

Нина Бадриќ и претходно откри дека се чувствува многу подобро откако целосно ги исфрлила намирниците од животинско потекло од својата исхрана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

„Откако се хранам на овој начин, моето тело е во рамнотежа, кожата и косата ми се сјајни, а имам многу повеќе сила и енергија отколку порано, кога не обрнував толкаво внимание на тоа што внесувам во организмот“, изјави таа.

Пејачката додаде дека долго време го следела начинот на исхрана на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, како и на луѓе од своето опкружување кои со години се хранат на сличен начин.

„Мојата сила се зголеми неколкупати. И духот и телото. Се чувствувам одлично, полна со енергија, бистра и силна. На секого му препорачувам со здрава исхрана да го зајакне својот имунитет, а килограмите потоа сами се топат. Ова не е краткотрајна диета, туку начин на живот, а придобивките за здравјето се навистина огромни“, порача Нина Бадриќ.

Слични објави

„Ми должат песна, јас ја платив“: Надица Адемов проговори за караницата поради Рада Манојловиќ и за колешката која му пишувала на нејзиниот сопруг

E.A.

Промотивни цени во Клиника „Жан Митрев“: Промотивна остеодензитометрија по повод Светскиот ден на остеопорозата

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ привлече внимание со необична објава: „Љубовта за која си мислел дека е искрена ќе те напушти“

apostolova

(Фото) Жешко издание во долна облека – поранешната Мис Хрватска, Лаура Гњатовиќ, позираше за „Викторијас сикрет“

Еспресо

Бојана Тевчева повторно застана пред ТВ-камерите

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ објави селфи со Ејсап Роки: Ријана, јас го сфатив пред тебе

Еспресо
Се вчитува....