08:52 - 8 ноември, 2026

Познат новинар исчезна на грчки остров, полицијата се сомнева дека паднал од карпа: „Сакаше пеш да се врати од плажа…“

Мајкл Мосли (67), британски новинар популарен по емисијата „Верувај, ми, јас сум доктор“ (Trust Me I’m a Doctor) која се емитува на Би-би-си, исчезнал на грчкиот остров Сими кадешто бил на одмор со сопругата и пријатели.

Според грчките медиуми, во тек е неговото пронаоѓање. Трагата му се изгубила во пред два дена, поточно во среда попладне, но се чекало 24 часа за да се пријави случајот на изчезната личност.

Мосли на островот бил на одмор заедно со неговата сопруга и пријатели, а според медиумите, во средата попладне му се изгубила трагата, додека случајот беше објавен вчера попладне.

Веднаш откако било пријавено дека 67-годишниот новинар не се вратил во хотелот каде што престојувал, започнала и потрагата на полицијата со дрон и хеликоптери, како и волонтери од островот.

Во средата, Мосли, заедно со сопругата и уште еднa двојка, како што пишуваат медиумите, со чамец заминале на плажа, по што новинарот одлучил да се врати сам, пеш, во време кога на островот било жешко, а температурата била 40 степени Целзиусови.

– Жештината беше неподнослива и лесно може да ти се слоши во такви услови. Сакаше пеш да се врати од плажа, но ова е растојание од околу час и половина и можеби користел одредени патеки за да го пресече патот – рече градоначалникот на Сими Лефтерис Папакалодукас за „Катимерини“.

Според истите информации во медиумите и Мосли и неговата сопруга не ги носеле со нив мобилните телефони.

Сими е мал остров во јужниот дел на Егејското море, во близина на Родос и има нешто повеќе од 2.500 жители.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....