25.5 C
Скопје
09:22 - 19 јуни, 2026

Покрај оваа верзија на Борат, дури и Бред Пит би изгледал смешно! (ВИДЕО)

Саша Барон Коен ви е симпатичен, но не го доживувате како добар „фраер“? Ова е доказ дека грешите!

Тој ги насмеа сите како казахстанскиот новинар Борат Сагдијев, лошо и старомодно облечен. Сепак многумина беа во неверување кога го видоа како австрискиот манекен и водител Бруно. Просто неверојатно е дека тоа е истиот актер кој го глумеше диктаторот-адмирал-генералот Хафаз Аладин.

Во сите негови улоги, Саша Барон Коен е маестрален.

Тој е спремен и способен на се, но неговата најнова трансформација предизвика пријатно изненадување ширум светот, особено кај дамите!

Британскиот актер и комичар е номиниран за Златен глобус за улогата во серијата „The Spy“, во која игра навистина комплициран лик. Неговата сопруга Алја Фишер на Инстаграм откри што Коен морал да направи за оваа улога, а тоа било снимка на која актерот тренира.

„Многу сум горда на својот сопруг поради номинацијата за Златен глобус за најдобар актер. Работеше толку напорно за да се трансформира за улогата во серијата „The Spy“, не само што се „ослободи“ ос својот стомак (погледнете го видеото), но совлада и 3 дијалекти, вклучувајќи сиријски, живееше во Казабланка, воглавно сето тоа време во ликот за време на 4-месечното снимање“, се пофали актерката.

Помеѓу славните кои му честитаа на ова семејство е и актерката Кортни Кокс, а обожавателите на парот, темата за големото постигнување ја вртат на нешто друго: неверојатното тело на Саша Барон Коен!

„Помислив дека овој дечко изгледа на Саша, само набилдан, а потоа го прочитав текстот“, бил еден од коментарите на воодушевената жена од изгледот на славниот актер и комичар.

Слични објави

(Видео) Цеца во патики на концертот на Рики Мартин во Белград: „Атмосферата е на максимум“

Еспресо

Сосетката откри што навистина се случило со оазата на Драган Николиќ во Баошиќ по неговата смрт

E.A.

Синот на ѕвездата од филмот „Свадба“ го тужи поранешното училиште, бара отштета од 5.000 евра

Еспресо

Ова е таткото на Биба Додева, со емотивно видео ги разнежи сите

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири ужива во Египет — во бикини ги покажа затегнатата фигура и стомачните мускули

Еспресо

(Фото) Луѓето не можат да поверуваат како изгледа Тања Савиќ – пејачката го покажа лицето без грам шминка

Еспресо
Се вчитува....