2.8 C
Скопје
16:56 - 22 декември, 2024

По неа врескаа милиони, потоа доживеа НЕРВЕН СЛОМ и ги загуби децата, а сега се бори да си ја врати СЛАВАТА (ФОТО+ВИДЕО)

Поп принцезата Бритни Спирс денес го прославува својот 38 роденден, а важи за една од најпопуларните пејачки на планетата. Врвот во својата слава го доживеа веднаш на почетокот на кариерата, односно во деведесетите години од минатиот век кога ги објави првите два албуми. Цела планета беше „навлечена“ на новото слатко девојче кое се проби со песната „Hit me baby one more time“, песна која стана еден од најлегендарните хитови некогаш направени.

Светските критичари тогаш ја нарекоа тинејџ ѕвезда на деценијата, а многу брзо беше прогласена и за поп икона.

профимедиа

Во 2002 година дебитираше во филмот „Crossroads“. Во екот на нејзината кариера се заљуби во Џастин Тимберлејк, со кого се знаеја уште од помали бидејќи глумеја заедно во Шоуто на Дизни, а овој пар стана можеби најобожуваниот пар на кој Холивуд се сеќава од поновата историја.

Колку што беше позната нивната врска, толку стана познато и нивното раскинување. Во едно интервју Бритни се расплака за Џастин, а планетарниот хит „Cry me a river“ на Џастин е посветен токму на Бритни Спирс и нивното раскинување, за кој се вели дека е напишан 2 часа по раскинувањето!

Во текот на кариерата, шест нејзини албуми се искачија на првото место од “Billboard 200” листата, поради што таа е трета пејачка во историјата на американската музика која ја имала оваа привилегија.

Холивуд никогаш нема да го заборави и сочниот бакнеж кој дефинитивно ја размрда цела светска естрада. За време на доделувањето на тогаш најгледаните музички награди, MTV awards во 2003 година, на сцената настапуваа тогаш најпознатите Бритни Спирс, Мадона и Кристина Агилера. . Настапот заврши со сочен бакнеж, кога Мадона и се „пушти“ на Бритни на сцената. Овој чин на поп кралицата веднаш стана култен и ги наполни страните на сите светски медиуми и таблоиди.

Во центар на вниманието се најде освен поради музиката и поради нервниот слом кој го доживеа во 2007 година, кога многумина сметаа дека кариерата и е завршена. Сепак, две години подоцна се врати на врвот на музичката листа, а во 2012 година, магазинот „Forbs“ ја прогласи за најплатена пејачка на годината.

Во 2011 година стана втората пејачка во историјата на која два сингла во исто време и се најдоа на првото место на “Billboard Hot 100” листата.

профимедиа

Омилена е меѓу фановите и поради својата отворена подршка на ЛГБТ заедницата, но и поради своите неповторливи хитови кои и ден денес се вратат на радио станиците ширум светот.

Животот на пејачката сепак не беше „мед и млеко“, таа неколку хитови посвети токму за притисокот од папараците. Иако интернетот не се користеше како денес, веста дека Бритни јавно си ја избричила косата и го кршела својот автомобил, за само неколку минути се рашири низ светот и ги преполови сите глобални медиуми. По нервниот слом во 2007 година го загуби старателството над двата сина, а нејзиниот татко ја презема контролата над нејзиниот имот и заработката и тоа трае се до денес.

Таа во текот на 2009 година се бореше да ја поврати контролата над својот живот и повторно продолжи со музичката кариера, но се чини дека тоа никогаш нема да биде „како порано“. Mора да се напомени дека иако не го достигна тоа што го очекуваше, Бритни ги сруши листите со хитот „Work bitch“, кој и помогна барем за миг повторно да го почувствува „вкусот“ на големата слава.

https://m.youtube.com/watch?v=RFewGyHMeeM

Сепак, и денес Бритни често знае да да објави видео или фотка на Инстаграм, а реакциите од нејзините следачи докажуваат дека некогашната планетарно позната поп принцеза уште долго ќе има искрена поддршка.

Слични објави

(Фото) Уживаат во љубовта: Горан Алачки и Марина Дојчиновска на одмор на Малдивите

apostolova

(Видео) Весело на слава кај Миа Костова: Ги собра најблиските во винарија за Св. Никола!

apostolova

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо
Се вчитува....