7.8 C
Скопје
00:26 - 31 март, 2026

Мали совети за секогаш чиста и убаво уредена бања

Бањата треба да биде нашата оаза на мирот, а не мачно место кое постојано треба да се чисти… Еве како да си ги скратите маките и да ја направите бањата попријатно место.

1. Намачкајте го огледалото со пена за бричење – И потоа добро избришете го. Така можете да заборавите на неговото замаглување, а по 3 недели повторете ја постапката.

2. Најдете место за полица – Полицата е одличен начин да ги организирате пешкирите, тоалетната хартија, средствата за чистење и сл. Поставете ја над вратата – за максимално да го искористите просторот.

3. Исчистете ги чешмата и тушот на природен начин – Aко мислите дека чешмата или тушот имаат слаб притисок, веројатно се собрал бигор во мрежичката. За да го решите тој проблем, наполнете најлонска кеса со алкохолен оцет и со помош на ластиче прицврстете ја за чешмата или тушот и оставете ја преку ноќ. Оцетот ќе го стопи бигорот.

4. Закачете корпички на шипката од завесата на кадата – Ако ви е потребно повеќе место за чување на работите во бањата, закачете корпи на шипката од завесата. Тие нема да ви сметаат, а тоа е особено добра идеја доколку повеќе луѓе ја користат бањата – така секој ќе има место за своите работи.

5. Направете звучник од лавабото – Ако сакате да се капете и да слушате музика, а немате звучници во купатило, едноставно ставете го вашиот телефон или некој друг музички уред во лавабото и така звукот ќе се засили. Секако пазете да го не изводените.

6. Секогаш имајте озонер во бањата – Имајте озонер со пријатен мирис, не избирајте силни мириси, нека бидат тоа благи мириси кои потсетуваат на топол дом и топла атмосфера.

7. Додадете цвеќе во бањата – Тоа неверојатно ќе ја подобри атмосферата, мала саксија со цвеќе на некоја поличка. Препорачливо е да е пластично доколку во бањата немате природна светлина.

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....