21.8 C
Скопје
21:25 - 1 јуни, 2026

Мака со клучните коски: Северина се огласи за случката во Гевгелија

Хрватската ѕвезда Северина завчера одржа концерт во Гевгелија на отворено пред дури 25.000 луѓе.

Веднаш штом стаса во Скопје, таа се огласи на својот Инстаграм-профил со неколку слики од центарот на градот.

„Се гледаме вечерва во Гевгелија, едвај чекам да пееме, а пред тоа прошетка низ нашето сакано и убаво Скопје, во кое секогаш со радост се враќаме, и во кое со задоволство ќе се вратиме на 05.12, во Арената Борис Трајковски“, напиша Северина.

 

Таа потоа објави шармантно видео од Гевгелија во кое му позира на македонскиот фотограф Стефан Соколовски и вели:
„Маките на Северина. Леле, луѓе… пред секој концерт прво се собира мала екипа фотографи и видео-мајстори за да го ‘одработиме концертот пред концертот’, или како што би рекол фотографот ‘шоу пред шоуто’.

Па ајде малку лево, па малку десно.Па: ‘Извади ги клучните коски!’ (Чекај, ‘клучните коски’.. каде точно да ги извадам? Па, шетај горе-долу. Сè додека не кажам: ‘Готови сме!’ Што сме снимиле-тоа е.

И така, конечно заминав на концерт… Ама се преживува. Како? Ни самата не знам.. СНИМКИТЕ СО „КЛУЧНИТЕ КОСКИ“ ПРИСТИГНУВААТ НАСКОРО“, напиша со емотикони на насмевка Севрина, а потоа објави уште неколку слики до кои напиша: „Апропо претходната објава, стасаа снимките од клучните коски.

Инаку, по долгогодишната правна битка меѓу Северина Вучковиќ и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ за старателството над нивниот син Александар, општинскиот граѓански суд во Загреб донесе неправосилна пресуда според која 14-годишникот отсега ќе живее со мајката. Средбите и односите со таткото ќе бидат уредени со судска одлука. Информацијата ја потврди адвокатката на Северина, Јасминка Билош.

„Неизмерна благодарност до сите што ме опсипувате со поддршка овие денови… Всушност, мојот син веќе извесно време е дома , а сега тоа е и формално потврдено со оваа судска одлука“, напиша Северина на Инстаграм по судската одлука.

Слични објави

(Фото) „Денес започнува ново поглавје од мојот живот“: По разводот од Драгана Мирковиќ, Тони најде друга, а сега се огласи

Еспресо

Пејачката шокирана од подарокот на момчето милионер: Ѝ купил стан во Дубаи вреден 3 милиони евра!

Еспресо

Џина се смирила со Харис Џиновиќ? Ќерката на пејачот била видена во вилата на татко ѝ

Еспресо

Почина Сејда Бешлиќ, сопругата на легендарниот Халид Бешлиќ

apostolova

Јоксимовиќ за кариерата и емоциите: „Со моите песни луѓето се заљубувале, венчавале и разведувале“

Еспресо

Дарко Лазиќ шокиран поради ситуацијата со Мина Костиќ: „Да е сè нормално, јас прв би бил во психијатриска болница“

Еспресо
Се вчитува....