08:21 - 13 ноември, 2026

(Фото) „Денес започнува ново поглавје од мојот живот“: По разводот од Драгана Мирковиќ, Тони најде друга, а сега се огласи

Претприемачот Тони Бијелиќ се разведе од пејачката Драгана Мирковиќ, по што го продолжи својот живот надвор од Србија.

По разводот, Драгана остана да живее во замокот во близина на Виена, додека Тони го продолжи својот живот во својата вила во Опатија.

По разводот од Драгана, Тони пронајде и нова девојка, со која го започна својот живот, а сега се огласи со мистериозна порака, пишува српски „Телеграф“.

– Добро утро Виена, денес започнува ново поглавје од мојот живот – напишал тој.

Бијелиќ не сакаше да прецизира за што официјално станува збор, дали станува збор за преселба, нова работа или можеби за нов живот со новата партнерка.

Поранешните сопружници Драгана и Тони немале проблем со распределбата на имотот, според пишувањети на медиумите, која била решена на суд.

Според пишувањето на медиумите, Драгана го добила замокот во близина на Виена кој е закупен на 100 години, чија вредност се проценува на околу 50 милиони евра.

Самата пејачка на својот инстаграм-профил истакна дека е сопственичка на оваа недвижност.

Исто така, како што е наведено, и телевизијата останала во нејзина сопственост.

Сепак, компаниите од автомобилската индустрија, како и компанија што произведува луксузни автомобили, чија цена не е под 70.000 евра, му припаѓале на Тони.

– Компанија за луксузни автомобили може да биде камен на сопнување бидејќи никој нема да сака да се откаже од неа. Впрочем, тоа е најголемиот извор на приход за ова семејство – изјавил изворот за „Блиц“, а Тони на својот инстаграм-профил истакнал дека е сопственик на споменатата компанија.

Во текот на нивниот брак, Драгана и Тони стекнале многу недвижности и на Балканот и во странство, како и возен парк вреден околу 5 милиони евра, а сето тоа го поделиле по договор.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....