18.8 C
Скопје
16:54 - 12 септември, 2026

Пејачката шокирана од подарокот на момчето милионер: Ѝ купил стан во Дубаи вреден 3 милиони евра!

Српската пејачка Марина Висковиќ веќе две години ужива во љубовта со милионер од Дубаи, а колку е сериозна нивната врска покажува фактот дека тој наводно ѝ купил стан вреден 3 милиони евра на таа локација.

Нејзиниот партнер не штедел пари, па за станот на луксузниот остров Палм Џумерија издвоил околу три милиони евра.

Познато е дека оваа локација е престижна и се смета за една од најскапите во градот. Луѓе од врвот на светскиот џет-сет поседуваат недвижности токму тука.

Извор близок до пејачката открил за српски „Ало“ дека Марина и нејзиниот партнер се подготвени за големи чекори во животот.

– Малку е да се каже дека Марина била во шок кога сфатила дека луксузната недвижност е подарок за неа и дека е горда сопственичка на оаза за која многумина можат само да сонуваат – рекол изворот, додавајќи дека купувањето на недвижноста било начин да ги покаже своите сериозни намери кон пејачката – објаснува изворот.

Тој исто така сака Марина да се чувствува безбедно покрај него, а неговата цел не била да ја импресионира јавноста. Напротив, со овој потег решил искрено да го изградат својот заеднички живот.

Како што пишуваат споменатиот медиум, уредувањето на станот е во полн ек, а Марина и нејзиниот избраник ги ангажирале најдобрите експерти од светот на дизајнот на ентериер кои вообичаено работат на престижни проекти во истиот град.

Од осветлувањето до уметничките дела, внимателно е избрано како ќе биде опремен просторот. Она што сега е познато е дека ќе биде модерен, елегантен и топол. Планот е тие да почнат да живеат заедно тука за два месеца.

Не толку одамна, пејачката откри детали за својот нов избраник, чиј идентитет сè уште го крие од очите на јавноста.

– Љубовта има голема улога во тоа како се чувствувам и како изгледам. Го имам најдоброто можно момче на светот. Беше потребно да се сретнеме во вистинско време на вистинското место. Свадби инаку не сакам, но тоа судбоносно „да“ веројатно ќе се случи. Свадба нема да се случи. Не сакам таков вид забава, ниту пак, моето момче. Можеби ќе има забава за таа пригода. Љубовта е тука, прекрасно се чувствувам – рекла Марина Висковиќ.

 

 

Слични објави

Никој не може да им одолее! Ова се трите најстрасни хороскопски знаци!

Еспресо

(Фото) Прв одмор со малата Тина — Александра Јанева ја покажа ќерката

Еспресо

Теодора Џехверовиќ купи луксузен стан од 400.000 евра, па ѝ го изнајми на колешка: „Се договоревме за пет минути“

Е.А.

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо

(Фото) Ленче Кукиќ како невеста плени со убавината, а Горан со стајлингот потсетува на Елвис Присли

Еспресо
Се вчитува....