21:26 - 9 ноември, 2026

Кралското семејство оди на одмор: од кралицата Елизабета до Кејт и Вилијам…, еве ги сите нивни дестинации

Сите членови на семејството Виндзор го избраа Обединетото Кралство за летна релаксација и одмор.

Кралското семејство ужива во неколку релаксирачки денови далеку од кралските обврски. Секој член на кралското семејство избра различна дестинација за летните одмори, но сите во рамките на Обединетото Кралство.

Се чини дека сеништето на пандемијата се уште не ја напуштило целосно Англија и, токму поради оваа причина, кралското семејство одлучи да не ги напушти границите на островот, како и минатото лето.

Кралицата Елизабета пристигна во нејзиниот шкотски имот Балморал пред околу една недела, а последниве денови и се придружија и принцот Ендрју и Сара Фергусон.

Вилијам и Кејт, од друга страна, за нивниот семеен летен одмор прво избраа да патуваат на островите Корнвол, а потоа да се одмораат во нивниот имот во Анмер Хол, селска куќа каде војводите од Кембриџ исто така го поминаа периодот на изолација. Но, одморите за нив веројатно не завршуваат таму. Се шпекулира дека планираат да продолжат во нивното тајно засолниште во Балморал, што до сега секогаш служеше како скривница од очите на обожавателите на кралското семејство. Станува збор За шкотската вила Там-На-Гар, која се наоѓа на неколку чекори од замокот на кралицата.

И Чарлс и Камила се на одмор. Тие „заседнаа“ во нивниот летен дом во село во Велс и тука ќе ги поминат следните неколку недели далеку од кралскиот живот, целосно потопени во природа. Иако не е исклучена посета на Балморал.

Хари и Меган пак, одлучија да останат во Калифорнија, без да се вратат во Англија. Со нив секогаш е постариот син Арчи и малата Лилибет. Образложението е дека сакаат да ја прилагодат малата Лилибет на новата средина и затоа нема потреба да патуваат. А дали ќе има некоја друга позадина зад нивното одложување на посетата на Англија за летните одмори, ќе видиме…

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....