18:57 - 7 ноември, 2026

Јелена Спенџарска доживеа необична средба во такси во Скопје: „Возачот ми покажа наша фотографија стара повеќе од една деценија“

Македонската водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска сподели интересна случка што ѝ се случила додека се возела со такси во Скопје.

Непосредно пред да плати за возењето, таксистот ја изненадил со стара фотографија на која двајцата позираат заедно. Спенџарска првично помислила дека фотографијата е направена пред повеќе од 15 години, но подоцна открила дека нивната средба се случила пред точно 13 години.

Како што раскажа, возачот некогаш бил член на музичката група „Шутка Рома Рап“, со која таа направила интервју во Старата скопска чаршија.

„Моите такси авантури продолжуваат…

Пред да платам, таксистот ми покажа слика од нас двајца пред повеќе по 15 години.

Тој беше дел од една музичка група која веќе не постои, ШУТКА РОМА РАП, им правев интервју во чаршија, беа атракција на времето“, раскажа Спенџарска на Инстаграм.

Фото: Скриншот/Инстаграм

По неочекуваната средба, Јелена успеала да го пронајде и старото интервју, по што сфатила дека било снимено пред 13 години.

„БОЖЕ ГОСПОДЕ, ГО НАЈДОВ ИНТЕРВЈУТО, ПРЕД ТОЧНО 13 ГОДИНИ БИЛО!

Јас изгледам скоро, па исто, така? Освен гласот што ми е сосема различен“, напиша таа, споделувајќи и дел од снимката од интервјуто.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova
Се вчитува....