20.8 C
Скопје
12:02 - 27 септември, 2026

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Катарина Лазиќ, сопругата на српскиот пејач Дарко Лазиќ, отворено проговори за дисциплината што стои зад нејзиниот фит изглед и за реакциите што ги добива од околината поради своите навики.

Таа на Инстаграм посочи дека честопати добива комплименти за својот изглед, но дека истите луѓе знаат да ја критикуваат кога ќе одбие алкохол, слатки или порано ќе си замине дома за следното утро да тренира.

„‘Блазе си ти, колку добро изгледаш’, ми велат.

Но…

Јас: ‘Носам своја храна’.

Тие: ‘Што се глупираш, баш претеруваш’.

Јас: ‘Не пијам алкохол’.

Тие: ‘Опушти се малку, само еден пијалак’.

Јас: ‘Одам дома, наутро имам тренинг’.

Тие: ‘Како баба си, прескокни еден тренинг’.

Јас: ‘Не благодарам, не јадам слатко’.

Тие: ‘Ништо нема да ти биде од едно колаче’.

Сите го гледаат резултатот, но ретко кој гледа што стои зад него.

Доследност. Дисциплина. Одрекување. Секој ден одново.

Не е лесно, но јако е!“, напиша Катарина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katarina Lazić (@katarinalazic_24)


Сепак, таа појасни дека нејзиниот пристап не подразбира целосно откажување од задоволствата, туку доследност кон целите што си ги поставила.

„Не е поентата никогаш да не изедеш колач, да не излезеш или да прескокнеш тренинг. Поентата е да знаеш што сакаш и да бидеш доследна на себе, дури и кога другите не го разбираат тоа.

Не мора на сите да им биде јасно зошто нешто правиш. Важно е ти да знаеш ЗОШТО.

Затоа што она што денес го нарекуваат претерување, утре го нарекуваат резултат.

Дисциплината не е секогаш лесна, но чувството кога ќе го исполниш ветувањето што си го дала на себе е непроценливо“, заклучи Лазиќ.

Слични објави

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо

Хороскоп за 27 септември: Раковите ќе најдат сигурност во тивка поддршка, Девиците ќе средат нешта што долго им тежеле

Еспресо

„Срам да ти е, таква жена да изневеруваш!“: Повозрасна госпоѓа го пресретнала Иван Босиљчиќ на улица и го навредувала

Т.Ц.

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо

Сузана Јовановиќ одби да зборува за односот со Лепа Брена: „Навистина не сакам, нема потреба“

Е.А.

Хана Хуљиќ конечно откри како се заљубиле со Петар Грашо: „Во тој момент и двајцата…“

Еспресо
Се вчитува....