19:17 - 7 ноември, 2026

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Пред неколку дена актерот Сашко Коцев и неговата сопруга, докторката Смиљана Бундовска-Коцева, одбележаа 14 години брак. Се венчаа на 22 септември 2012 година, а нивната љубовна приказна трае многу подолго.

Сашко и Смиљана направија свадба во Куршумли ан во Скопје, во присуство на голем број пријатели, актери, музичари и колеги на Смиљана од медицинската професија.

За музичката атмосфера се погрижија Бендот на Тоше, Кристина Арнаудова, Влатко Илиевски и тамбурашите на Нино Величковски. Сашко самиот ја отвори свадбената веселба, а меѓу гостите беа Дарко Митревски, Весна Петрушевска, Ванчо Петрушевски, Тони Михајловски, Емил Рубен и Горазд Цветковски.

По свадбата, Сашко и Смиљана заминаа на меден месец на Малдиви.

На свадбата ѝ претходеше едно од најпознатите јавни запросувања на македонската сцена. Истата година, на „Златна бубамара на популарноста“, Коцев ја запроси Смиљана пред преполната Универзална сала.

Облечен како Аладин, Сашко ја повика својата сакана на сцената, а заедно со Каролина Гочева ја испеа песната „Цел нов свет“ од анимираниот филм „Аладин“. Изборот не беше случаен, бидејќи песната имаше посебно значење за нивната љубовна приказна.

Години подоцна, Коцев откри дека запросувањето го подготвувал во тајност и дека за неговиот план знаеле само неколку луѓе, меѓу кои Каролина Гочева, Ранко Петровиќ, Александар Митевски и Филип Николовски од „Авалон“.

„На сцена, кога почна песната, таа почна да сфаќа дека тоа е тоа. Ја викам јас на сцена, а таа веќе има блок. Вели дека не памети ниту дека тепих имало, ниту балоните ги помни“, раскажа Коцев за незаборавниот момент.

Пет години по свадбата, во 2017 година, Сашко и Смиљана станаа родители. На свет дојде нивната ќерка Јоана, а актерот низ годините во повеќе наврати зборуваше за радоста што му ја донесе татковството.

Сашко и Смиљана приватниот живот главно го чуваат подалеку од јавноста, а актерот ретко споделува фотографии од сопругата и ќерката.

Во интервју за „Слободен печат“, Коцев откри дека токму Смиљана е еден од неговите најважни критичари кога станува збор за неговата работа. Нејзиното мислење му е особено важно, па кога нешто ќе помине кај неа, знае дека е на сигурно.

За семејниот живот и малите нешта што го прават среќен, Коцев во истото интервју рече:

„Верувајте, многу се радувам на ситници, еве на играчките на Јоана понекогаш јас повеќе се радувам.“

Актерот јавно знае да ја покаже и гордоста поради професионалните успеси на сопругата. Кога Смиљана, која е лекарка, стана доктор на медицински науки, Коцев ја сподели убавата вест и кратко напиша: „Горд сопруг“.

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....