14.8 C
Скопје
14:04 - 3 мај, 2024

(ФОТО) ЌЕРКАТА НА КУСТУРИЦА Е УБАВИЦА И УМНИЦА, ЕВЕ СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА: Била во врска со принц, сака приватност, ја викаат српската Кејт Мидлтон…

Прославениот режисер Емир Кустурица и неговата сопруга, продуцентката Маја, се горди родители на две деца – синот Стрибор и ќерката Дуња.

Нивната ќерка Дуња дипломирала драматургија, една година студирала историја на уметност на Сорбона во Париз, а денес е селектор на филмскиот и музички фестивал Кустендорф.

Ќерката на Кустурица беше во центарот на вниманието на јавноста поради врската со принцот Александар Трети Караѓорѓевиќ, а иако го следеше партнерот на речиси сите настани, воопшто не ѝ се допадна да се појавува во медиумите.

-Ми пречи, мислам дека приватниот живот се вика приватен токму за да не се пишува за тоа. Не сум профил на жена која сака да се експонира кога се работи за такви работи и да излегувам со него во јавност – изјави своевремено Дуња Кустурица.

За време на таа врска Дуња поради нејзината убавина ја споредуваа со принцезата Марија Караѓорѓевиќ, а извесен период го доби и прекарот – Србинката Кејт Мидлтон.

Своевремено го напишала сценариото за омнибус за религијата, во кое нејзиниот татко ја обработувал темата на православието, што подоцна го искористил во филмот „На млечниот пат“.

– Темите кои ме интересираат се од социјален карактер, лични и доживеани. Мислам дека прозата ми е некако поблиска од драмата и филмот. Пораснав со руска литература. Најмногу ме интересира историјата на Балканот. Времето на Млада Босна донесе одредена инспирација. Денес повторно живееме колонизирани. Светот може да биде поинаков. По распадот на Југославија ја загубивме слободата – изјавила своевремено Дуња.

А, еве што Емир зборува за својата ќерка.

– Дуња е многу образувана девојка и сигурен сум дека во иднина ќе направи нешто големо. Само е прашање на време кога ќе ја искористи својата интуиција и дарба и ќе го најде огледалото во кое ќе ги рефлектира своите замисли – објаснува легендарниот режисер.

Таа пак, своевремено истакна дека имала што да научи растејќи со родители – уметници и својот брат Стрибор и дека детството и младоста ѝ биле многу поучни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Rael Teed (@rael_teed)

извор – блиц.рс

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо
Се вчитува....