-0.2 C
Скопје
18:52 - 22 декември, 2024

Цел свет ја осуди зошто му го прости неверството: Карди Би ја откри причината зошто го зачувала бракот!

Карди Би (27) е паметна жена која е сосема свесна дека ниту еден љубовен однос не е совршен, вклучувајќи го и нејзиниот. Греми добитничката на Најдобар рап албум за 2019 година, се сретна со сериозни проблеми и дилеми во приватниот живот откако нејзиниот сопруг, популарниот американски рапер Офсет, ја изневери. За оваа вест медиумите не престанаа да пишуваат, а ѕвездата конечно собра сили да биде искрена за најболната тема и што по неа, односно, нејзината реакција поради која на некој начин беше осудена.

Profimedia

Карди и Офсет тајно се венчаа во септември 2017 година, а заедно имаат и ќерка по име Култур Киари. 5 месеци откако станаа родители, раперката јавно призна дека повеќе не се заедно. Офсет на секој можен начин се обидуваше да изнуди прошка за неверството.

Всушност, после неверството, парот неколку недели работел на процесот на помирување, и освен со моќта на вербата за промена и молитва, за спиртуалниста им помогнале и свештеници. Година дена по целиот емоционален хаос, Карди за јануарското издание на списанието „Вог“ е искрена дека годинава воопшто не била лесна за неа: „На луѓето им е досадно од моите победи. Кога и да го пребарам моето име на Твитер, сè што читам е омраза, омраза, омраза“.

Profimedia

„Кога јас и мојот сопруг влеговме во лавиринтот на проблемите, тој мене ме изневеруваше, и тоа беше висрински пекол за мене. Кога одлучив да останам со него и да работиме на тоа да се смириме, многу луѓе ми се налутија. Многу жени разочарав. Но, ова е реалниот живот. Доколку сакате некој, а потоа престанете да бидете со него, станувате депресивни. На друштвените мрежи луѓето ќе ве советуваат да не разговарате со личноста која ве изневерила, но одвнатре, не сте задоволни со тоа! „Сепак, доколку му се вратите на тој што ве изневерил, секогаш следува прашањето: Како можеше? Сите не изневери!“,

Карди исто така признава дека луѓето ја критикувале што воопшто добила дете со Офсет, знаејќи дека тој веќе е татко 3 деца.

View this post on Instagram

@iamcardib, who was born Belcalis Almánzar, has famously described herself as a “regula degula schmegula girl from the Bronx.” Her father is Dominican, and her mother is from Trinidad. She was a class clown who always dreamed of being a famous rapper. “I don’t know what it is—I will never know what it is—but ever since I was young, people liked to hear me talk,” she says. “I was always that person, like, I didn’t really have a lot of friends, but people was excited to see me in class because they knew I was funny. They was dying to hear a story from me." Tap the link in our bio to read our full profile on the star, written by @RobertJHaskell. Photographed by @annieleibovitz, styled by @tonnegood, Vogue, January 2020.

A post shared by Vogue (@voguemagazine) on

„Вистината е дека татко ми имаше 8 деца, и сега кога влегувам во куќата на мојот сопруг, каде што се и децата, јас се чувствувам задоволно, бидејќи тоа е куќа полна со радост и живот. Тоа ја открива неговата друга страна која сакам да ја гледам, а уживам да ја гледам и ќерка ми која сега има 17 месеци, како си игра со останатите негови деца, тоа ме прави среќна, додава Карди.

„Сите на социјалните мрежи сакаат да доловат како нивните односи се совршени. И тоа е навистина лудо. Опкружена сум со многу жени и секоја од нив има свои проблеми со партнерот: сите ги сакаат своите сопрузи, но тие или не се финансиски стабилни или имаат проблеми со својата мајка, или сексот повеќе не им функционира… Сите имаат проблеми“.

Profimedia

Што се однесува до неа и Офсет, Карди вели дека верува во простување, дека се моли за тоа заедно со Офсет, како и дека имаат свештеници кои доаѓале во нивниот дом за да им помогнат да ја постигнат целта. 

„Сите имаат проблеми. Јас верувам во простувањето. Се молев за тоа. Јас и мојот сопруг – ние се молевме за тоа. Ни доаѓаа и свештеници. И дојдовме до разбирање: ние двајца сме, навистина сами против светот! Ми го чува грбот, му го чувам грбот, па кога изневерува, би ја предал личноста која најмногу „те чува“. Зошто би го направил тоа? Дојдовме до вистинско обострано разбирање. За мене, моногамијата е единствениот начин. Доколку ме изневериш, готово е.“

Карди Би во интервјуто е искрена и кога станува збор за физичкиот контакт, но конкретно за насилниот. Објаснува детално за искуство од претходна врска која била исполнета со испади на насилсво: „Јас и он знаевме да се скараме често, удирајќи се, многу. Жените знаат да кажат „Ќе го скршам“ – и јас го имав тој менталитет. Потоа почнав да го удирам кога ќе се скаравме, се додека не започна да ми враќа. И тогаш сè излезе од контрола!“

Слични објави

(Фото) Уживаат во љубовта: Горан Алачки и Марина Дојчиновска на одмор на Малдивите

apostolova

(Видео) Весело на слава кај Миа Костова: Ги собра најблиските во винарија за Св. Никола!

apostolova

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо
Се вчитува....