17.8 C
Скопје
12:40 - 26 април, 2024

Како Пикасо го насликал плакатот за „Битката на Неретва“ и колку му платиле за тоа?

„Битката на Неретва“ е еден од најамбициозните филмови на поранешна Југославија. Најголемите sвезди на светот во тоа време, Јул Бринер, Франко Неро и големиот Орсон Велс им се придружија на актерските легенди во регионот, а постерот за филмот го нацртал Пабло Пикасо.

Profimedia

Филмот Битката на Неретва се смета за најдобар и најскап филм кој е снимен во Југославија. Постигна голем меѓународен успех, освои бројни награди и беше номиниран за Оскар.

На Пабло Пикасо му било понудено да го изработи постерот за филмот.

Откако го изгледал филмот и ги проучил настаните, Пикасо потврдил дека ќе го направи плакатот, но и дека ќе земе дел од неговата слика Сабињанка, а побарал само бојата на плакатот да биде црвена.

Кога Пикасо го прифатил предлогот филмската екипа се нашла во паника бидејќи морале да смислат како да му платат на Пикасо.

За среќа познатиот уметник не барал никаков хонорар, единствено што побарал биле 12 одбрани шишиња вино од тогашна Југославија.

На премиерата на филмот што се одржала на 29 ноември 1969 година, на отворањето на Центарот за култура и спорт „Скендерија“ во Сараево, покрај Тито и филмската екипа наводно присуствувале Софија Лорен и Омар Шариф.

Instagram
Instagram
Instagram

 

Слични објави

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо
Се вчитува....