08:41 - 7 ноември, 2026

Ѕвездата на „Онлифанс“ откри дека е бремена по скандалозниот предизвик со 400 мажи

Тија Билинџер, ѕвезда на „Онлифанс“, објави дека го чека своето прво дете, што крена голема прашина на социјалните мрежи.

Пред веста дека е во блажена состојба, таа организирала предизвик да има небезбеден секс со 400 мажи, па затоа информацијата дека е бремена шокираше многумина, пренесува „Мирор“.

Тија, попозната како Бони Блу, направила тест откако неколку дена се чувствувала лошо, а тајмингот се совпаднал токму со нејзината „жешка“ акција за која зборуваше интернетот.

Имено, Бони е позната по тоа што претходно исто така имала односи со повеќе од 1.000 мажи за 12 часа, што и самата го потврдила.

Таа тврди дека почнала да се сомнева во бременост за време на престојот на Тенерифе. Раскажала дека ѝ било толку лошо што најчесто лежела во кревет, со мачнини и силна мигрена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by No Jumper 🏀 (@nojumper)

За тоа, во видео на нејзиниот јутјуб-канал, каде што ја следат околу 9.400 луѓе, им се обратила на следбениците:

„Повраќав, ме болеше главата и кога велам главоболка, мислам на сериозна мигрена. Од некоја храна ми се лошеше, а некоја морав веднаш да ја изедам, инаку пак ќе ми се слошеше“, додала Бони и рекла дека ѝ било мачно и при самата помисла на враќање во Велика Британија.

По неколку дена престој дома, решила да направи тест за бременост:

„Една линија значи дека сум бремена, ниту една значи дека не сум“, напишала Бони, напоменувајќи дека тестот го прави навечер, а не наутро.

По неполни две минути, тестот покажал две линии.

„Половина е розова, половина бела. Изгледа како батак. Луѓе… дефинитивно сум бремена, баш бремена“, рекла таа.

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....