18:40 - 31 октомври, 2026

„Колку килограми се здебели, веќе немаш врат?!“: Сара Јо без шминка и во пижами одговори на грубото прашање

Српската пејачка Сара Јовановиќ, позната како Сара Јо, во последно време добива многу непристојни негативни коментари на нејзините профили на социјалните мрежи поврзани со нејзиниот изглед, а поединци коментираат дека се здебелила. Сара се огласила и одговорила на тие коментари.

„Сарице, на диета под итно. Те молам немој да се направиш лом. Колку килограми се здебели во последната година? Веќе немаш врат, не изгледа добро“, се само дел од коментарите што Сара Јо ги доби на својот инстаграм-профил.

„Ништо не е поубаво од искрен, топол и, пред сè, добронамерен коментар. Отежнато пишувам на Инстаграм поради мојот врат, но морав и вака да ти се заблагодарам Петрице“, напишала Сара како одговор на злонамерната критика.

Сара Јо потоа открила дека почнала со диета, што го сподели со следбениците утрово.

Пејачката се снимила облечена во пижами, како пие здрав пијалак, а покажала и детален план за исхрана што треба да ѝ помогне да ослабе, пишува српски „Телеграф“.

 

Слични објави

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.

Пејачката Мијата прослави 19 години љубов со сопругот: Романтика на плажа со песна од Селин Дион

Еспресо
Се вчитува....