18.8 C
Скопје
01:46 - 20 август, 2026

Зеленски: „Срамежливите знаци на мир НЕ ЈА ЗАМОЛЧУВААТ експлозијата на руските гранати“

„Додека не го вратиме она што ни припаѓа и додека нема правда, санкциите мора да се зголемат и да бидат ефективни, тие не смеат да бидат само за медиумите, туку мора да се спроведуваат, за да има мир“.

„Позитивни“ сигнали се препознаени денеска во разговорите меѓу Русија и Украина. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во новото видео обраќање објавено вечерва на социјалните мрежи.

Украинскиот претседател, уморно и намуртено, се обрати, како и обично, кон своите граѓани  коментирајќи ги настаните од денот штотуку поминат. Ден во кој повторно се разгорува надежта за мир, но чувство кое се судира со вревата предизвикана од бомбите кои продолжуваат да паѓаат врз куќите и народот на Украина.

„Можеме да ги дефинираме сигналите што ги слушаме од платформата за преговори како позитивни – вели Зеленски – но овие сигнали не ја замолчуваат експлозијата на руските проектили. Се разбира, ги гледаме сите ризици. Се разбира, не гледаме причина да им веруваме на зборовите на одредени претставници на држава која продолжува да се бори за наше уништување. Украинците не се наивни луѓе. Украинците веќе научија во овие 34 дена на инвазија и во последните осум години од војната во Донбас дека може да се верува само на конкретен резултат“.

Во меѓувреме, во видеото Зеленски тврди дека Киев е подготвен да го прифати статусот на неутрална земја и бара да има „гарантни држави“, пред се Турција.

„Мора да се гарантираат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Не може да има компромис за суверенитетот и нашиот територијален интегритет. Тоа се јасни принципи“. Ова е ставот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

А за санкциите вели: „Санкциите не смеат да престанат сега, туку мора да се зајакнат, за да има вистински мир“. „Преговорите не можат да влијаат на укинување на санкциите против Русија, кои нема да бидат предмет на дискусија додека војната не заврши“, додаде Зеленски, повторувајќи дека „додека не го вратиме она што ни припаѓа и додека нема правда, напротив, санкциите мора да се зголемуваат и мора да бидат ефективни, тие не смеат да бидат само за медиумите, туку мора да се фактички, за да има мир“, пренесува раињуз.

„Би можел за 2 дена да освојам 6 престолнини“: Еве што му кажал ПУТИН на поранешниот претседател на Украина

Слични објави

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

(Фото) „Кога ќе се спојат две „берби ’63“: Дарио сподели интересна приказна со Игор Џамбазов

Еспресо

(Фото) Сопругата на Биковиќ и ќерката на Чолиќ уживаа во ноќно излегување – се појавија во атрактивни модни комбинации

Еспресо

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Еспресо

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Еспресо

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо
Се вчитува....