11.8 C
Скопје
09:45 - 18 октомври, 2026

ЗБОГУМ, МОНИКА ВИТИ: Си замина вечната муза на талентот и стилот

Почина романтичната и истовремено футуристичка актерка, пред се талентираната Моника Вити, една од најомилените италијански глумици на сите времиња, а штотуку наполни 90 години.

„Роберто Русо, нејзиниот партнер во сите овие години, ме замоли да ви пренесам дека Моника Вити повеќе не е тука. Го правам тоа со болка, наклонетост, жалење “ – Валтер Велтрони, италијански писател и режисер, ја објави веста на Твитер на 2 февруари 2022 година.

Незаборавна муза на големите италијански режисери, талентирана актерка со неповторлив шарм. Моника Вити беше икона на италијанската мода со својот шик, но истовремено и романтичен и футуристички стил. Накратко, бунтовна на свој начин. Минатиот 3 ноември таа наполни 90 години.

Неспоредлива како актерка, неповторлива по стилот. Моника Вити со децении го носи знамето на италијанската кинематографија ширум светот благодарение на уникатната личност, која ја сакаа најголемите италијански режисери, од Марио Моничели до Микеланџело Антониони. Нејзиниот актерски талент се испреплетуваше со посебно чувство за мода. Класична, но истовремено во чекор со времето и со уметнички „зачин“ – ексцентрични и екстравагантни детали. Почнувајќи од романтизмот – роза покрај деколтето до хипи ѓердани, па сè до есктравагантни очила. Тешко кој би можел истата облека да ја носи или тој стил да го реплицира.

Болеста на Моника Вити

Актерката со години наназад се повлече од сцената и се нурна во практично недостапниот приватен живот. Нејзиното последно појавување во јавноста беше во март 2003 година за театарската премиера на „Нотр Дам де Париз“. За неа се знаеше дека неколку години била хоспитализирана во една швајцарска клиника каде што се лекувала од дегенеративна болест многу слична на Алцхајмеровата, а покрај неа бил само нејзиниот сопруг Роберто Русо.

Низ годините неколку пати се објавуваше нејзината, тогаш наводна смрт, уште во 1988 година „Ле Монд“ објави дека починала, а таа само му се заблагодари на францускиот весник што ѝ го продолжил животот.

Кариерата на Моника Вити

Препознатлива беше по рапавиот глас и римскиот шарм. Моника Вити во својата четириесет годишна кариера работеше со најголемите италијански глумци и режисери.

Дипломирала на Националната академија за драмска уметност, под менторство на Силвио Д’Амико, а дебитирала во театарот многу млада и, по совет на нејзиниот учител Серџо Тофано, решила да го промени своето име во матичната служба – од  Марија Луиза Сечиарели во Моника Вити, инспирирана од презимето на нејзината мајка Витиљиа, додека Моника било име што го прочитала во книга и ѝ се допаднало.

 

Слични објави

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо
Се вчитува....