22:01 - 27 ноември, 2026

„Загрижен сум за него“: Бајден се огласи по веста дека кралот Чарлс има рак

Претседателот на САД, Џозеф Бајден изјави дека е загрижен за дијагнозата рак на британскиот крал Чарлс и дека се надева дека наскоро ќе разговара со него, пренесува Би-би-си.

Бакингемската палата денес објави дека кралот Чарлс Трети се лекува од рак. Видот на ракот не е откриен, но според соопштението на палатата, кралот почнал со „редовни третмани“ денес. Ракот бил дијагностициран за време на неговиот неодамнешен третман за зголемена простата.

Запрашан од новинарите во Лас Вегас која е неговата порака за кралот, Бајден рече дека „штотуку ја слушнал неговата дијагноза“.

„Загрижен сум за него“, им рече тој на новинарите на синдикалниот митинг. „Се надевам дека наскоро ќе разговарам со него.

Кралот започнува со амбулантско лекување и ќе ги паузира своите јавни настани, но ќе ја продолжи својата уставна улога како шеф на државата, вклучувајќи документи и приватни состаноци.

Бакингемската палата не објави никакви детали за стадиумот на ракот, но рече дека кралот Чарлс „останува целосно позитивен во однос на неговото лекување и со нетрпение очекува да се врати на целосна јавна должност што е можно поскоро“.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.
Се вчитува....