00:16 - 29 ноември, 2026

Заеднички живот и во јавност: Ирина Шајк и Бредли Купер заедно на доделување на модните награди CFDA 2022

Рускиот супермодел Ирина Шајк се прошета на црвениот тепих на доделување на модните награди CFDA 2022 без шминка – привлекувајќи внимание на новинарите. Но отсуството на шминка не беше единствена цел на фоторепортерите. Очите беа вперени во Бредли Купер.

Минатиот понеделник, на 7 ноември, во Њујорк се одржа церемонијата на доделување на модните награди CFDA 2022. На настанот присуствуваа многу ѕвезди, меѓу кои и Ирина Шајк. Таа во јавноста се појави без шминка и со пуштена коса. Носеше горен дел без ракави со висок врат, здолниште со плисирање и јакна, која, сепак, цело време ги држеше во рацете – сето тоа од американскиот бренд Partow.

Инаку, на истиот настан е фотографиран Бредли Купер. Шајк и Купер не позираа заедно, но затоа тука бил актерот за поддршка на саканата, по признанието дека се повторно во врска. Фотографиите ги објави Just jared – погледнете ТУКА.

Ирина Шајк и Бредли Купер беа заедно околу четири години, од 2015 до 2019 година. Супермоделот и актерот ја одгледуваат петгодишната ќерка Леја и, според упатените, планираат уште едно дете.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....