38.8 C
Скопје
18:01 - 21 август, 2026

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ФРАНЦИЈА: Класичната зачинета торта со мед која е лесна и брза за правење!

торта мед рецепт зачини

Оваа класична француска торта со мед често се опишува како спојка помеѓу леб и десерт. Станува збор за специјалитет од Дижон, за кој се верува дека потекнува од Кина, каде слична зачинета торта била направена во 10 век. Во Франција, за прв пат се појавила во 1711 година и била особено популарна во Реимс и Дижон.

По крајот на Втората светска војна тортата ретко се наоѓала во француската кујна, но набрзо ја вратила својата популарност. „Pain d’épices“ може да се направи со мед, ‘рж или пченично брашно (во зависност од регионот) и зачини како што се кардамон, анасон, цимет, морско оревче и каранфилче.

Обично се пече во форма на леб и се служи со солени јадења, како „ foie grass“ или гурмански сирења. Сепак, исто така често се вклучува или се служи заедно со класичните француски десерти. „Pain d’épices“ може да се најде на традиционалните пазари, каде што обично го продаваат трговците со мед, или во класичните француски слаткарници.

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ЊУ ОРЛЕАНС: Пудинг од стар леб – Декадентен рецепт со долга историја!

Потребни состојки:

  • 170 мл вода
  • 250 гр мед
  • 250 гр ‘ржано брашно
  • 50 гр кафеав шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка мелен цимет
  • 1 лажичка мелен ѓумбир
  • 1 лажичка мелен анасон
  • 1/2 лажичка мелено каранфилче
  • 1/2 лажичка мелено морско оревче

Метод:

1. Загрејте ја рерната на 180 °C. Загрејте вода во тенџере. Откако ќе се загрее, истурете го медот и добро измешајте додека целосно не се раствори.
2. Во сад измешајте ‘ржано брашно, кафеав шеќер, сол, сода бикарбона и зачини. Постепено додавајте вода и мед и мешајте додека не добиете мазна, хомогена паста.
3. Истурете го тестото во нелеплива тава за леб, силиконски калап за колачи или намрсете ја тавата за леб и ставете хартија за печење. Ставете го тестото и спуштете ја температурата на рерната на 150 °C. Печете 50 минути до 1 час, во зависност од вашата рерна. Доколку е потребно, оставете го подолго да се испече целосно.

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО СЕВЕРНА АМЕРИКА: Пита од тиква – Есенската кралица

Слични објави

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Активен пар — Стефанија Гаштарска и Амар Мециновиќ освоија уште пет врва на Шар Планина

Еспресо

(Фото) Хрватската пејачка Жанамари позираше во бикини, жешките фотографии го „запалија“ интернетот

Еспресо

(Фото) Неверојатно си личат! Ова е сестрата на Душко Тошиќ, која ретко ја гледаме во јавноста

Еспресо

Јордан Митев по 25 години случајно ја пронајде ученичката книшка и се потсети на едно поинакво време

Еспресо

Вака изгледа дел од бајковитиот дуплекс на Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ — мала зелена оаза во Нов Белград

apostolova
Се вчитува....