24.3 C
Скопје
20:23 - 19 јуни, 2026

Во екот на предизборната кампања за градоначалничка во Нов Зеланд, ова ѝ го порача мајката на Хелена Роза

Хелена Роза, атрактивната некогашна водителка која сега живее во Нов Зеланд, неодамна ја изненади јавноста кога објави дека се кандидирала за градоначалничка на тамошна оптина.

Роза инаку се кандидираше за градоначалничка на општината Норт Шор, која е дел од градот Окленд. Предизборната кампања почна на 1 август, а изборите се во октомври. Таа е членка на десничарската конзервативно-либерална парија АКТ, чиј лидер е вицепремиерот на Нов Зеланд, Дејвид Сејмур.

Хелена Роза денес слави роденден, и по тој повод на социјалните мрежи објави една нејзина фотографија на мотор, и под неа напиша:

„Денес ми е роденден и сум горда сум што ја имам истата храброст, лидерство и самодоверба со која живеам во оваа кампања. Исто како кога возам мотор, верувам во слобода, независност и трасирање на сопствен пат. Не се плашам да го оспорам статусот кво, да се борам за даночните обврзници и да се залагам за Совет кој ги почитува вашите тешко заработени пари.
Норт Шор заслужува лидерство кое е смело, бестрашно и фокусирано на основните работи , а не оптоварено со бирократија и расипништво. За тоа се залагам“, напиша Роза.

Хелена Роза десет години со ќерката Кјара, синот Тијан и сопругот Игор живее во Нов Зеланд (Фото: Фејсбук)

А, една од оние кои ѝ го честитаа роденденот е и сестра ѝ Ребека Јанковска- Ристески, наша позната пејачка. „Среќен Роденден Хелена моја. Сите желби реалност“, напиша Ребека до сликата која сподели од сестра си.

Познато е дека мајка на Хелена и на Ребека е Роза Катиновска, наша позната Тв спикерка. И таа, до својата ќерка испрати емотивна порака за нејзиниот роденден.

Хелеа Роза со мајка си Роза (Фото: Фејсбук принтскрин)

„Среќен роденден мила моја Хелена. Иако си илјада километри далеку, ти си секогаш во моето срце и мисли. Под новото небо биди ми најсреќна и остварувај си твоите соништа. Имај си најпрекрасен ден со твоите сакани. Ми те гушкам најсилно.Те сакам бескрајно мајкина“, напиша мајката Роза која често на социјалните мрежи објавува слики од своите ќерки и внуци и кажува колку е горда на нив.

 

Слични објави

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

msp-admin

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо

(Фото) Вистинската елеганција никогаш не поминува незабележано – совршениот фустан ве чека во бутикот „Прагма“

Еспресо

Десингерица ја искритикува Марија Шерифовиќ: „Одлично пее, но е полна со комплекси“

Еспресо
Се вчитува....