10:49 - 7 ноември, 2026

(Фото) Карлеуша „избега“ од Србија со младиот згоден кошаркар: Детаљ ги издаде, го славеа нејзиниот роденден заедно на јахта?!

Српската пејачка Јелена Карлеуша вчера го прослави својот 47-ми роденден на јахта во Црна Гора, опкружена со своите најблиски луѓе.

Музичката ѕвезда, која секогаш е една од главните теми на медиумите, организираше интимна забава на јахта со торта и шампањ.

Како што објавува српски „Информер“, Карлеуша наводно „побегнала“ од Србија со кошаркарот, а еден детаљ ги издаде.

Кошаркарот Никола Јовановиќ, кого медиумите го поврзуваат со пејачката Јелена Карлеуша со месеци, исто така ужива во својот одмор во Црна Гора, барем судејќи според објавите на неговиот инстаграм-профил – кои речиси сите ги забележале.

Никола на својот профил објави неколку фотографии од Бока которска, па многумина заклучија дека Јелена го прославила роденденот и со него.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Jovanovic (@nikolajovanovic)


Локациите се многу слични на оние што ги посетила Јелена Карлеуша, па многумина мислат дека се заедно.

Тие крстареа по Јадранското Море, а Зоран сподели фотографии од луксузната јахта на Инстаграм.

Славеничката носела минијатурно бикини додека заедно пиеле и наздравувале со шампањ и уживале во овошјето и солените деликатеси.

Јелена Карлеуша беше видливо среќна и насмеана, скокајќи во морето, додека Бирташевиќ ја снимаше:

– Славеничке… – ѝ порача тој, а Карлеуша извика од среќа.

 

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....