01:50 - 10 ноември, 2026

(Видео) Тијана Дапчевиќ меѓу фаворитите за српска претставничка на Евровизија: Еве како звучи – „Воууу, тотално кул, топиме, гориме, се сакаме, се потиме…“

На официјалниот Јутјуб канал на српската национална телевизија објавени се нумерите кои ќе конкурираат за ласкавата титула претставник на Србија на овогодинешната „Евровизија“.

Јавниот сервис на Србија направи избор на композиции кои ќе се натпреваруваат на фестивалот „Песна на Евровизија 2023“, каде претставникот на Србија ќе биде избран за „Песна на Евровизија“ кој годинава ќе се одржи во Ливерпул, Англија, во мај.

Гледачите ќе имаат можност да ги проследат полуфиналните натпревари на фестивалот на 1 и 2 март, додека големото финале ќе се одржи на 4 март. Во фестивалската конкуренција ќе има 32 композиции, меѓу кои и песна која ја изведува Македонката Тијана Дапчевиќ.

Песната на Тијана е насловена „Мамим“ и има навистина заразен ритам.

Во коменатрите фановите веќе се изјаснија со поддршка – „Идеме Тијана, песната е врв!“, „Текстот е супер“, „Мелодијата е бомбастична“, „Воууу, тотално кул, топиме, гориме, се сакаме, се потиме…“, „Колку пати до сега настапи, сега треба да ѝ дадат лојалити картичка“.

Некои пак забележаа дека потсетува на победничката евровизиска песна на Констракта – Ин корпоре сано.

Што мислите вие?

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....