01:40 - 10 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Мадона задоцни на ревија и „извиси“ пред врата: „Не знаете која е ТАА…“ не помогна!

Ќерката на Мадона, Лурдес Леон, се посрамоти на ревијата на Марк Џејкобс во Њујорк.

Лурдес дојде на ревијата точно во 18 часот, кога почнала и кога се затворила влезната врата. Сите останати дошле пред неа, па обезбедувањето не ѝ дозволи на Лурдес да влезе на модната ревија.

Таа и момчето со кое таа пристигна, заедно стоеја пред влезот повеќе од една минута, чекајќи да ја пуштат внатре. Целата ситуација е снимена и споделена на TikTok.

Додека Лурдес се обидувала да влезе, се слушаа минувачи како се обидуваат да им кажат на чуварите која е таа.

„Пуштете ја да влезе, ќерката на Мадона е“, „Не знаете која е“, им рекле минувачите на обезбедувањето, а потоа продолжиле да викаат: „Пуштете ја да влезе“.

На крајот, Лурдес се откажала од влегувањето на ревијата.

Но, Лурдес, која во 2021 година беше прогласена за заштитно лице токму на брендот што имаше модна ревија на која не ја пуштија да влезе, сфатила дека без разлика чија ќерка е, ќе остане пред врата, па се вратила во автомобилот со кој дошла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dynes (@dynesmagazine)

Лурдес е најстарото од децата на Мадона, а е од врската на шејачката со актерот Карлос Леон. Пејачката има уште пет деца, од кои четири се посвоени, а со режисерот Гај Ричи го доби синот Роко.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....