11.8 C
Скопје
09:31 - 25 април, 2024

(Фото) Фернандо Алонсо за оваа ескорт Русинка го напушти семејството: А сега ја замени за италјанска убавица!

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, има многу обожавателки на социјалните мрежи, секако и во реалниот живот. Привлечниот изглед и победите на Шпанецот во Формула 1, го направија еден од секс симболите меѓу спортистите од А-класа.

Од 2006 година, Алонсо е во брак со Ракел дел Росарио, многу популарна шпанска пејачка, а со нејзиниот бенд таа дури ја претставуваше и земјата на Евровизија во 2013 година.

Фернандо и Ракел беа многу вљубени, имаа  одлични односи се додека една преубава руска манекенка не го уништи младото семејство.

Ракел и Алонсо, инстаграм

Во летото 2011 година, на една од забавите, Алонсо се запозна со модел со руско потекло, Ксенија Чумичева, која живееше во Швајцарија од детството. Отпрвин ја криеја врската, но папараците успеаја да ги фатат заедно во еден ноќен клуб во Швајцарија.

Ксенија и Алонсо

А потоа и самата манекенка на своите социјални мрежи објави фотографија во прегратка со тркачот, што предизвика бура од дискусии во шпанскиот и швајцарскиот печат.

Само една недела по објавувањето на оваа фотографија, Алонсо и Ракел официјално објавија дека се разведуваат. Во исто време, спортистот увери дека повеќе не е во врска со пејачката и се разделија како пријатели.

Подоцна, нов скандал избувна околу Фернандо и Ксенија. Чумичева беше обвинета за давање услуги за придружба на партнери (ескорт служба).

Ксенија

На еден од американските сајтови за возрасни е пронајден профил со нејзини фотографии под името Џулија. Таму беше претставена како италијански супермодел на ниво на ВИП. Барала 1.100 долари за еден час работа и 5.500 долари за ноќевање со неа.

Самата девојка била крајно револтирана од октирвањето, и изјавила дека подготвува тужба против порталалот кој ги објавил нејзините фотографии.

– Ова е смешно. Лицето што ги објави овие фотографии очигледно сакаше да ми ја уништи репутацијата во Њујорк. Шокирана сум, но ќе се справам со овој монструозен трик, увери манекенката во интервју за швајцарските новинари.

Но, како на крајот како заврши приказната не е познато. Шпанскиот тркач никако не го коментираше овој скандал, а подоцна сосема ја напушти Русинката.

Нова Русинка

Ксенија Чумичева не беше единствената руска девојка во животот на шпански спортист. Во 2012 година се дозна за аферата на Алонсо со моделот Дарија Капустина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by F1 Ladies (@f1ladies)

Девојката е од Владивосток, но работела во Јапонија. Манекенката и формула 1 тркачот се сретнале на забава. Тогаш Фернандо не планирал да оди во ноќниот клуб, бидејќи бил депресивен поради фактот што веќе бил излезен во првиот круг на трките, но неговите пријатели го наговориле. Така судбината го донесе кај друга Русинка. Според нив тоа било љубов на прв поглед. Односите се развиваа брзо, а Дарија и Фернандо не ги криеја чувствата во јавност.

Дарија и Алонсо

Капустина често се гледаше покрај Фернандо. Речиси секогаш го придружуваше на трките и беше во Вип-ложата на Формула 1. Фотографите го снимаа секој нејзин чекор, особено колку внимателно Русинката се грижи за својот сакан. Обожавателите на Формула 1 ги нарекоа најубав пар во мотоспортот. Тие навистина изгледаа прекрасно еден до друг. Двојката одлично го поминуваше времето заедно: вечераа на Ајфеловата кула во Париз и летаа со хеликоптер над Алпите. Покрај тоа, Алонсо го посети Владивосток за да се сретне со семејството на неговата девојка. Шпанецот го проба рускиот специјалитет борш, отиде во руска бања и прошета покрај замрзнатото море.

Сепак, во 2014 година, парот се раздели, а возачот започна нов живот. Тој го напушти Ферари и замина во Мекларен. Дарија се вратила во Јапонија, каде ја продолжила својата кариера на модел.

Подоцна Алонсо имаше афера со Шпанката Лара Алварез со која во последен момент ја откажа свршувачката. А сега веќе речиси шест години ѕвездата на „кралските трки“ е во врска со италијанската манекенка Линда Морсели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Morselli (@lalindaa)

Слични објави

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо
Се вчитува....