21:11 - 7 ноември, 2026

(Видео) Теа Таировиќ со емотивна порака по настапот во Будва: „Ви благодарам што ме сакате и дебела и слаба, боса и облечена!“

Регионалната музичка ѕвезда Теа Таировиќ ја продолжува успешната серија летни концерти во Црна Гора, а со последниот настап уште еднаш покажа зошто важи за една од најбараните пејачки на музичката сцена.

Клубот во Будва бил исполнет до последното место, а како и секогаш кога настапува Теа, се барала карта повеќе. Уште од првите тактови атмосферата била вжештена, а публиката во еден глас ги пеела нејзините најголеми хитови.

Кулминацијата на вечерта се случила кога пејачката извела танц на стомакот со ритамот на тапанар кој ѝ се придружил на сцената. Нивниот заеднички настап предизвикал воодушевување кај присутните, кои ги наградиле со громогласен аплауз и овации.

Бројни телефони биле насочени кон сцената за да го забележат еден од највпечатливите моменти од концертот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

По настапот, Теа им се обратила на своите обожаватели со емотивна порака и им се заблагодарила за поддршката.

„Ви благодарам што ме сакате и дебела и слаба, боса и облечена! Ви благодарам што сте секогаш со мене“, порача пејачката.

По концертот, Теа Таировиќ се огласи и на својот профил на Инстаграм, каде што ѝ се заблагодари на публиката за поддршката и прекрасната атмосфера.

„Ви благодарам, ни беше прекрасно, разиграно и распеано. Да немавме ограничено работно време, ќе пеевме до утрото, но нека остане нешто и за следниот пат. Ви благодарам што ме сакате ваква каква што сум – убава, грда, слаба, дебела, боса или облечена… Сето тоа навистина и искрено сум јас. Кога го живеете животот и музиката искрено, тогаш не е лесно непријателите да ве разнишаат. Ве сака и ве бакнува вашата Аска“, порача Теа.

Публиката во текот на целата вечер уживала во најголемите хитови на регионалната ѕвезда, но и во сценскиот спектакл што го приредила пејачката. Со настапот во Будва, Теа уште еднаш покажала дека нејзините концерти не се само музички настапи, туку вистински забавни настани.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....