21:04 - 7 ноември, 2026

Златко Јовановски: „Сум одбил да креирам за македонски јавни личности кои барале фустан гратис“

Македонскиот моден дизајнер Златко Јовановски – ЈЗЈ откри дека во изминатите години одбил да соработува со македонски јавни личности кои барале бесплатно да им изработи креации, нагласувајќи дека денес самиот одлучува кому ќе подари фустан.

Гостувајќи во емисијата „Полиграф“, Јовановски зборуваше за соработките со регионалните ѕвезди, но и за принципите според кои ги избира своите клиенти.

„Да, им ги подарувам, а не чинат толку. Во последните 3 години, јас бирам со кого работам. Јас немам проблем да работам со кој било, ако тој некој плати. Кога подарувам – бирам јас.

За Карлеуша можам да кажам дека е мој клиент веќе неколку години. Таа секогаш прашува колку чини, ама јас знам колкава популарност и колкав вирален пост ќе добијам од неа.

Мерак ми е да ги носи моите креации, па ѝ кажувам дека не треба ништо и дека ѝ се подарок од мене, иако таа никогаш не го побарала тоа и со мене е фина и фер соработник“, изјави Јовановски.

Фото: Инстаграм/Златко Јовановски/Јелена Карлеуша

Потоа се осврна и на искуствата со дел од македонските јавни личности, откривајќи дека не прифаќа да работи бесплатно.

„Од друга страна, факт е дека многу македонски јавни личности знаат да побараат нешто гратис или да побараат нова креација да се направи за нив за без пари.

Јас со тоа не се сложувам, ниту да се изнајми, ниту да се прави, зашто јас првично, каков фидбек ќе имам од тебе? Мене тоа ме интересира.

А второ што ме интересира е таа креација ако е со долга опашка или ако е долга хаљина што се влече, ти кога ќе го уништиш тој фустан на тие 15-20 минути или 3 саати настан, како јас после, утре да го продадам? Кој ќе сака да го купи?

Зошто јас да ја изгубам мојата креација, така што, тоа мора да се плати, што е нормално“, порача дизајнерот.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....